Поштенски списоци

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Постојат следниве поштенски списоци (листи) поврзани со Википедија проектите на македонски јазик и Викимедија Македонија. Членството на овие листи се регулира на следниот начин:

  1. wikimk-l[at]lists.wikimedia.org - комуникација на уредувачите на Википедија на македонски јазик, слободен пристап за сите.
  2. vikipedija[at]lists.softver.org.mk - општа комуникација со администраторите и уредувачите на Википедија на македонски јазик, пристап добиваат сите администратори на било кој од вики проектите на македонски јазик, истакнати уредувачи и членови на Викимедија Македонија. Барањата за членство се одобруваат со консензус на постојните членови. Сите нови барања за членство, се поставуваат на гласање на период од 7 дена. Право на гласање имаат сите тековни членови на листата. Доколку во тие 7 дена од доставените гласови над 50% се позитивни, барањето се одобрува.
  3. wikimedia-mk[at]lists.wikimedia.org - внатрешна комуникација на членовите на здружението Викимедија Македонија, пристап добиваат само членовите.

Списоците се умерено-модерирани: сета комуникација треба да се води во рамките на основните правила за пристојно однесување на Интернет[1]. Навреди, закани и слични постапки се казнуваат со блокирање на пристап до соодветните списоци.

Референци[уреди]

  1. RFC 1855, Netiquette Guidelines