Програмски план за 2011

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Здружението на граѓани Викимедија Македонија во рамките на својата работа ќе презема активности во насока на поддршка на создавање, собирање и умножување на слободни содржини на непрофитен начин: поддржување на идејата сите луѓе да имаат еднаков пристап до базите на знаење и до системите на образование преку разменување на искуства, комуникација со членовите на здружението и пошироката популација како и преку дистрибуција на печатен и друг материјал.

Викимедија Македонија, со цел за ефикасно, ефективно и успешно извршување на сите активности поврзани со неговата дејност го донесува овој Програмски план во кој се образложени видот и начинот на реализацијата на активностите во период од една година.

Димче Грозданоски,
Претседател на Викимедија Македонија

Програмски план[уреди]

Викимедија Македонија ќе организира активности кои ќе бидат директно насочени кон промоцијата и подршката на проектите на Викимедија Фондацијата. За таа цел Викимедија Македонија:

  1. Ќе организира и учествува на конференции, семинари, јавни трибини, предавања, тркалезни маси, тренинзи и курсеви за прашања поврзани со целите на Викимедија Македонија на кои ќе бидат повикувани релевантни претставници од различни сектори во државата;
  2. Ќе организира медиумски кампањи насочени кон пошироката јавност со цел размена на искуства, најдобри практики и промоција на проектите на Викимедија Фондацијата;
  3. Ќе изработува промотивен материјал (постери, флаери, брошури) кои ќе бидат дистрибуирани до членовите и пошироката поулација;
  4. Ќе соработува со релевантни преставниците од останатите општествени сектори во активности кои се од интерес за дејноста;
  5. Ќе дава подршка со вмрежување на правни и физички лица чие делување е поврзано со целите;
  6. Ќе обезбедува широка размена на искуства и најдобри практики во користењето на MediaWiki софтверот;
  7. Ќе соработува со други невладини организации од Македонија и од странство;
  8. Ќе соработува со владините агенции, донатори и локалната самоуправа;
  9. Ќе го проширува своето членство и едукација за успешно спроведување на планираните активности;
  10. Ќе основа ограноци и организациони единици;
  11. Ќе работи јавно и транспарнетно.

ИЗВЕШТАЈ[уреди]

ВИКИМЕДИЈА МАКЕДОНИЈА
Годишен извештај на Извршниот одбор
2011

Согласно со Програмскиот план Извршниот одбор на Викимедија Македонија презема активности во насока на поддршка на Википедија и останатите проекти на Фондацијата Викимедија, како и поддршка на создавањето, собирањето и умножувањето на слободните содржини на непрофитен начин.

Извршниот одбор го сочинуваат Димче Грозданоски, Слободан Јаќоски и Кирил Симеоновски. Кон крајот на 2010 година беше изгласана програма за работа на здружението, која ги потцртува активностите и обврските предвидени за 2011 година. Финансиската ситуација на здружението е стабилна. Беа исполнети поголем дел од активностите во програмата.

Прослава на 10 години Википедија[уреди]

Оваа година, на 15 јануари, слободната енциклопедија Википедија прослави 10 години од своето постоење. Википедија е петта најпосетена веб-страна во светот, со 410 милиони читатели месечно, со над 17 милиони статии на 270 јазици, единствената топ 10 веб-страна во светот која е вистински создадена, поддржана и оддржувана од корисниците. За време на последните 10 години, стотици илјади луѓе придонесоа со повеќе од една милијарда уредувања за овој витален ресурс.

Тоа беше повод Викимедија Фондацијата да организира и потпомогне во организацијата на повеќе настани ширум светот на кој се одбележа овој јубилеј. На повеќе од 230 локации, на сите 5 континенти, се прославува 10-тиот роденден на Википедија. 10 години Википедија се прославуваше и на Интернет: на Facebook, со организирање на видео конференции на 7 локации, мрежни комуникации со посредство на Skype, IRC и QQ.

Во рамките на активностите за прослава на овој јубилеј Викимедија Македонија организира низа на настани за да се одбележи овој ден организира низа на настани за да се одбележи овој ден. Претставници на организацијата имаа гостување на Канал 103, во отворена радио емисија каде имаа прилика да ги презентираат целите и активностите на организацијата.

Во организација на Викимедија Македонија, со ангажман на Слободан Јаќоски, прикажан е документарниот филм - „Вистината според Википедија“ во култната скопска „Галерија 7“, после што следуваше дебата поврзана со темата.

Интересно е да се одбележи дека по повод овој настан Викимедија Израел во соработка со Израелската пошта отпечати пригодни поштенски марки. Пратка со оваа поштенска марка стигна и до Викимедија Македонија.

Соработка со владиниот сектор[уреди]

Согласно Програмскиот план, во рамките на предвидената соработка со владините агенции, донатори и локалната самоуправа, Викимедија Македонија на покана на Министерството за образование и наука зеде учество во работната група за дефинирање на активностите на проектот „Македонија на Википедија“)

Соработка со невладиниот сектор[уреди]

Согласно Програмскиот план, во рамките на предвидената соработка со други невладини организации од Македонија и од странство, Викимедија Македонија ја продолжи соработката со Фондацијата Метаморфозис, земајќи учество во проектот на фондацијата за користење на MediaWiki софтверот за создавање на локални содржини.

Во рамките на оваа соработка со Фондацијата Метаморфозис изработено е упатство на македонски и албански јазик за користење на wiki технологијата, помогнато е во нагодувањето и почетниот дизајн на вики сајтот http://wiki.mk, како и одржани се обуки за активисти до Скопје, Велес и Дебар.

Предавања за Википедија[уреди]

Согласно Програмскиот план, предвидено беше организирање и учествуво на конференции, семинари, јавни трибини, предавања, тркалезни маси, тренинзи и курсеви за прашања поврзани со целите на Викимедија Македонија на кои ќе бидат повикувани релевантни претставници од различни сектори во државата.

Во рамките на овие активности одржани се предавања за Википедија пред студентите на ФИНКИ, Економскиот институт и Универзитетот за Туризам и Менаџмент - Скопје.

Во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово беше одржан Ден за придонес на Википедија во Скопје и Тетово.

Соработка со медиумите[уреди]

Согласно Програмскиот план, Викимедија Македонија во текот на 2011 година оствари повеќе гостувања во емисии за време на кои се промовираше работата на Здружението и проектите на Викимедија Фондацијата.

По повод прославата на јубилејот „10 години Википедија“ остварено е гостување во отворена радио емисија на Канал 103, во која се презентирани целите и активностите на организацијата.

Претставници на Викимедија Македонија, по повод надминување на бројот од 50.000 статии на Википедија на Македонски јазик, учествуваа во отворената радио емисија на Македонското Радио, Радио Скопје, на МТМ Телевизија како и на Алфа ТВ, во контактната програма „Портик“.

Викимедија Македонија со Соопштение за јавноста реагираше во врска со изнесените податоци во „Отчетот за работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 2006-2011“.

Статус на организацијата, членство и структура[уреди]

Започнати се активости за потпишување на Спогодба за соработка со Викимедија Фондацијата.

Во текот на годината продолжено е со активностите за измена на Статутот на организацијата, со цел усогласување со Законот за здруженија на граѓани и фондации, како и со цел на воспоставување на поефикасна организациона структура.

Меѓународна соработка[уреди]

Викимедија Конференција, Берлин
Wikimania 2011 logo
Wikimania 2011 logo

Во текот на 2011 година, Викимедија Македонија активно ја следеше ситуацијата во вики движењето при што даде подршка на вики заедницата на италијанската википедија во врска со нивниот став околу предложениот закон во италијанскиот Сенат познат како „Wiretapping Act“, параграф 29, кој ги нарушува вообичаените стандарди на слобода на говорот во нашата цивилизација. Викимедија Македонија целосно го поддржa протестот на вики-заедницата на италијанската Википедија со надеж дека италијанскиот Сенат ќе се повлече од намерата да го усвои предложениот закон како што е предложен.

Членовите на Викимедија Македонија, Димче Грозданоски и Кирил Симеоновски учествуваа на Викимедија конференцијата во Берлин. На конференцијата се сретнаа претставниците од Викимедија Фондацијата и претставници од локалните ограноци од различни држави во светот. Организатор на настанот беше Викимедија Германија. Минатата година поради проблемите предизвикани од вулканската пепел врз авиосообраќајот во Европа, делегацијата од Македонија и покрај плановите за учество на оваа конференција не беше во можност да учествува.

Членови на Викимедија Македонија учествуваа на Викиманија, седмата годишна меѓународна конференција на Викимедија заедницата која се одржа во Хаифа, Израел. Македонската Вики-заедница беше претставена од страна на Слободан Јаќоски и Кирил Симеоновски.

На крајот од годината, Кирил Симоновски зеде учество на настанот GLAM Amsterdam.

Финансиска состојба[уреди]

Финансиската состојба на Викимедија Македонија е стабилна. На жиро сметката во текот на годината беа уплатени 1000 денари од донации, а беа потрошени исто толку за одржување на сметката. Здружението сеуште нема аплицирано за грант или донација од ниедна фондација.