Финансиски план за 2012

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Викимедија Македонија се занимава единствено и исклучиво со непрофитни дејности, се грижи за промовирање на слободното знаење, подржувајќи ја каузата на сите Викимедија проекти почнувајќи од 2009 година, посебно на Википедија енциклопедијата на македонски јазик. Ние ја промовираме работата на нашите автори доброволци, се грижиме за техничката инфраструктура, се грижиме за работите околу промоцијата на слободното знаење преку медиумитем во училиштата и универзитетите, како и промоција на проекти кои значат имплементација на концептот на слободно знање во многу области.

Прибраните средства можат да се користат исклучиво за цели дефинирани со Статутот. Членовите не добиваат ниту може да добијат некаква добивка од средствата. Никој не може да има добивка преку непотребни трошоци за промоција или преку непропорционално големи издатоци.

Начин на финансирање: Членарина од членовите; Доброволни прилози, подароци и оставнини на домашни и странски правни и физички лица; Од буџетот и други фондови; Од други извори, во согласност со Законот.

Имотот се состои од: Парични средства и хартии од вредност; Подвижен и недвижен имот и имотни права.

Располагање со средства: Одлуките во врска со приходите и расходите ги донесува Извршниот одбор во согласност со финансискиот план и програмата за работа.

Успехот бара одговорност! Википедија се развива многу брзо, не само како енциклопедија како прв (и невообичаено како единствен) извор на информации за секој кој сака да знае нешто. Википедиа е извор на знаење за милиони луѓе ширум светот. Секој месец имаме 3 - 5 милиони посети на Википедија на македонски јазик. Се поголем е бројот на ученици во основното образование кои ја користат Википедија барем еднаш во седмицата, се поголем е бројот на наставници кои ја користат Википедија како најзначна веб страна за подготовка на лекциите.

Ова е работна верзија на нашиот финансиски план за 2012 година, треба да се финализира до крајот на месец декември 2011 година.

A. Прилив на средства, средства на располагање
извор на средства прилив одлив забелешка
A.1. проекти 150.000,00 учество во проекти
A.2. членарина 5.000,00 приходи од членарина за 2012 година, според одлука на ИО
A.3. донации 200.000,00 донации од други организации и институции, WMF
вкупно приливи 355.000,00
Б. Планирани трошоци
Б.1. Проекти и други активности
проект прилив одлив забелешка
Б.1.1. Вики-конференција 2012 40.000,00 Учество на двајца претставници на конференцијата на локални ограноци. Веројатно во Берлин, Германија.
Б.1.2. Доброволна работа 100.000,00 Промоција на доброволна работа.
Б.1.2.А Викиманија 2012 80.000,00 Учество на двајца претставници на викиманија 2012.
Б.1.3. Open Wiki GLAM of Serbia 8.000,00 Учество на двајца претставници. Белград, Србија.
Б.1.4. Предавања на универзитети 5.000,00 Организирање на предавања пред студенти на различни универзитети.
Б.1.5. Википедија во средните училишта 5.000,00 Организирање на предавање пред ученици во барем 10 средни училишта.
Б.1.6. Википедија во основните училишта 5.000,00 Организирање на предавање пред наставен кадар во барем 10 основни училишта.
Б.1.7. Википедија во вашиот град 10.000,00 Организирање на вики средби во текот на 2012 година во барем 5 града на територијата на Република Македонија со цел промовирање на вики движењето.
вкупно за проекти 253.000,00
Б.2. Административни трошоци
трошок прилив одлив забелешка
Б.2.1. канцелариски материјали 4.000,00 набавка на канцелариски материјали за административни потреби
Б.2.2. завршна сметка 5.000,00 Изработка на завршна сметка, согласно законските обврски
Б.2.3. трошоци за сметки 10.000,00 телефон, поштенски пратки
Б.2.4. одржување на жиро сметка 2.400,00 банкарска услуга за одржување на жиро сметка, 12*200 денари во текот на годината
Б.2.5. провизија за трансакции 3.000,00 провизија за извршени трансакции
Б.2.6. обврски од 2009 година 2.000,00 преземени обврски од 2010 година, изработка на печати, заверка на овластени записници на нотар, адвокатски услуги
Б.2.7. резервација на средства 50.000,00 резервација на средства за 2013 година
вкупно административни трошоци 76.400,00
ВКУПНО 355.000,00 329.400,00
БИЛАНС 25.600,00