2012.04.26. Викимедија Македонија на SEEU

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Wikimania Logo
Wikimania Logo

Пред студентите на SEEU[1], ќе се одржи предавање за Википедија и Проектот „Македонија на Википедија“. За време на овој настан, „Викимедија Македонија“ претставувана од страна на претседателот Димче Грозданоски и Факултетот за современи науки и технологии претставуван од страна на деканот доцент Беким Фетаји, ќе биде потпишан Меморандум за соработка со кој ќе се утврди рамката во која се реализира соработката меѓу потписниците за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на една од двете страни насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности во областите од заеднички интерес.

Предавањето ќе се одржи во просториите на Универзитетот во Тетово пред студентите и други заинтересирани, ќе бидат презентирани проектите на Викимедија Фондацијата со нагласок на проектот Википедија, накратко ќе биде објаснет начинот на уредување на википедија со практични вежби за уредување, ќе биде претставен проектот „Македонија на Википедија и ќе биде претставена организацијата „Викимедија Македонија“.

Настанот ќе се одржи на 26 април 2012, со почеток во 14:00 часот.

Настанот е во организација на Викимедија Македонија и доцент Беким Фетаји од факултетот за Современи науки и технологии.

Wrap up[уреди]

  • Презентацијата се одржа пред дваесетина студенти од трета година. Презентацијата беше поделена на неколку дела:
    • Вовед
    • Претставување на „Википедија“
    • Што е wiki?
    • Викимедија движење
    • Викимедија Македонија
    • Претставување на проектот „Македонија на Википедија“
    • Работилница: Креирање на корисничка сметка, започнување на нова статија, основи на уредување
  • Ќе се создадат посебни страници за неколку ВикиПроекти на википедија на македонски јазик и на википедија на албански јазик. Преку овие страници ќе биде координирана работата на студентите во рамките на проектот за создавање и подобрување на содржините на Википедија.
  • После работилницата, Претседателот на „Викимедија Македонија“ и деканот на Факултетот за Современинауки и технологии, потпишаа Меморандум за соработка со кој се утврди рамката во која ќе се реализира понатамошната соработка за работи од заеднички интерес базирани на искористувањето на научно-стручните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови на една од двете страни насочени кон унапредувањето на едукативните, истражувачките и апликативните активности во областите од заеднички интерес. Интегралниот текст на потпишаниот Меморандум за соработка може да се најде на следнава врска.

Презентации[уреди]

Во продолжение следат pdf документи од презентацијата одржана на Универзитетот на Југоисточна Европа во нивните простории во Скопје.

Вовед и претставување
Претставување на мултијазичниот проект „Википедија“
wiki
Претставување на Wikimedia проекти
Претставување на проектот „Македонија на Википедија“
Уредување на вики, со практични вежби

Фотографии од настанот[уреди]

Референци[уреди]

  1. Официјална веб страна на SEEU

архива на вести ...