2012.10.14 Wikimedia CEE 2012 конференција во Белград

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Заедничка фотографија на учесниците на Конференцијата во Белград.

2012.10.14. На 13. и 14. октомври 2012 во Белград се одржа првата конференција на Викимедјанци од Централна и Источна Европа. На конференцијата присуствуваа околу 45 учесници од повеќе од 15 земји, а меѓу нив и претставници од Македонија: Димче Грозданоски - претседател на Викимедија Македонија, Кирил Симеоновски - член на организациониот тим на конференцијата и Тони Ристовски - претставник на заедницата на уредувачи на Википедија на македонски јазик. Повеќе информации во врска со конференцијата, програмата, учесниците и сите поврзани работи, може да најдете на официјалната страница на конференцијата на meta.

Организацијата на Конференцијата беше во режија на Викимедија Србија потпомогната од Викимедија Унгарија, Викимедија Македонија, Викимедија Германија, Викимедија Полска и од Фондацијата Викимедија.

Конференцијата се одржуваше во Домот на младината во Белград.

Сместувањето беше во прекрасниот белградски хотел Екселзиор.

Конференцијата беше добра прилика за размена на искуства на википедијанците од регионот на Централна и источна Европа. Присутни беа членови на локалните ограноци или на членови на локалните вики заедници од: Македонија, Србија, Полска, Германија, Австрија, Босна, Грција, Србија, Унгарија, Украина, Естонија, Русија, Чешка, Словенија, Турција, Белорусија, Ерменија, Англија и претставници од Викимедија Фондацијата од Америка.

Во текот на двата конференциски дена, присутните имаа можност да дискутираат на различни теми, како што се Заедничката соработка, GLAM, Здружението на локални ограноци, Едукативни проеки, Википодатоци, Професионализација на локалните ограноци, Волунтеризам, Социјални медиуми и односи со јавноста и други теми.

Претставниците од Македонија зедоа активно учество на конференцијата и остварија бројни средби со останатите учесници на конференцијата, преку кои ја зацрвстија и продлабочија меѓусебната соработка. Паднаа и повеќе предлози за заеднички проекти.

Веднаш после конференцијата, претставниците од Викимедија Украина, Ievgen Buket и Viktor Semeniuk изразија желба да ја посетат накратко Македонија.


архива на вести ...