2012.12.06. Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На Филозофскиот факултет[1] при УКИМ, Викимедија Македонија ќе одржи презентација на проектите на Викимедија, со нагласок на on-line енциклопедијата Википедија.

Презентацијата ќе се одржи во просториите на факултетот во Скопје пред наставниот кадар, студентите и други заинтересирани, ќе бидат презентирани проектите на Викимедија Фондацијата со нагласок на проектот Википедија, накратко ќе биде објаснет начинот на уредување на википедија со практични вежби за уредување, ќе биде претставен проектот „Македонија на Википедија“ и организацијата „Викимедија Македонија“.

Настанот е во организација на Филозофскиот факултет и ќе се одржи на 6 декември 2012, со почеток во 10:00 часот.

Теми[уреди]

Презентирани се следниве теми:

  1. Вовед
  2. Википедија
  3. Вики технологија
  4. Викимедија движење
  5. Викимедија Македонија
  6. Проект „Македонија на Википедија“
  7. Работилница за уредување на Википедија

Презентер[уреди]

  • Димче Грозданоски, вработен во Министерството за образование и наука, претседател на Викимедија Македонија, активен уредувач на Викимедија проектите меѓу кои и Википедија на македонски јазик, администратор на Википедија на македонски јазик.
  • wikipedia username: brest
  • email: dimce.grozdanoski@gmail.com
  • twitter: @grozdanoski

etherpad & twitter wall[уреди]

Присутни[уреди]

На презентацијата беа присутни претставници од наставниот и административниот кадар на Филозофскиот и Филолошкиот[2] факултет при УКИМ.

Презентации[уреди]

Во продолжение следат pdf документи од презентацијата, со мали корекции во однос на презентацијата одржана минатиот ден.

Вовед и претставување
Претставување на мултијазичниот проект „Википедија“
wiki технологија
Претставување на Wikimedia проекти
Претставување на проектот „Македонија на Википедија“

Референци[уреди]

  1. Официјална веб страна на Филозофскиот факултет при УКИМ
  2. Официјална веб страна на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ

архива на вести ...