2011.04.08. Обука во Велес за користење на медија вики софтверот

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На 8 април 2011 година (петок), Кирил Симеоновски ќе одржи предавање за користење на медија вики софтверот за создавање на локални содржини на вики сајтот wiki.mk пред слушатели од Велес и околината.

Предавањата ќе се одржат по следниов распоред:

10:00 часот. Подготовка и вовед
10:30 часот. Вики софтвер и вовед во неговата употреба
11:30 часот. Пауза
11:45 часот. Средување на текст, создавање на врски и додавање на наводи
13:00 часот. Пауза за ручек
13:45 часот. Слики и мултимедија
14:45 часот. Пауза
15:00 часот. Табели и категории
16:00 часот. Пауза
16:15 часот. Страница за разговор
16:45 часот. Пауза
17:00 часот. Дискусија

За време на обуката ќе биде уредувана статија со напишан текст. Секое предавање вклучува вежби и поставување на прашања од страна на присутните.

Во рамките на овој проект, на 21 март беше одржана пробна обука во Скопје, а на 1 април обука во Дебар.

Надворешни врски[уреди]

  • wiki.mk Вики страница на проектот wiki.mk

архива на вести ...