2011.10.06. Викимедија Македонија со поддршка на вики заедницата на it.wikipedia.org
Викимедија Македонија ја подржува вики заедницата на италијанската Википедија во врска со нивниот став околу предложениот закон во италијанскиот Сенат познат како „Wiretapping Act“, параграф 29, кој ги нарушува вообичаените стандарди на слобода на говорот во нашата цивилизација.
Викимедија Македонија целосно го поддржува протестот на вики-заедницата на италијанската Википедија и се надева дека италијанскиот Сенат ќе се повлече од намерата да го усвои предложениот закон како што е предложен.
Викимедија Македонија ги повикува другите локални ограноци на Викимедија, како и Фондацијата Викимедија, да направат конкретни чекори во насока на издејствување на Одлука со која Италијанскиот Сенат и влада ќе го повлечат овој предлог или ќе направат измени на истиот со кои ќе ги испочитуваат основните стандарди на слобода на говорот.
- Став на Извршниот одбор на Викимедија Македонија
Надворешни врски
- it.wikipedia.org Comunicato_4_ottobre_2011
- wikimedia.it Главна страница на Википедија на италијански јазик
- rs.wikimedia.org Став на Викимедија Србија
- de.wikipedia.org Изразена солидароност на вики заедницата на Википедија на германски јазик
- blog.wikimedia.org Блог пост на Фондацијата Викимедија
- ru.wikimedia.org Забастовка в Википедии на итальянском языке
- mk.wikipedia.org Солидарност на вики заедницата на Википедија на македонски јазик со штрајкот на корисниците на Википедија на италијански јазик