2012.01.17. Викимедија Македонија дава поддршка на вики заедницата на en.wikipedia.org

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
mini

Викимедија Македонија дава поддршка на одлуката на вики заедницата на Википедија на англиски јазик (en.wikipedia.org) во протестот против предлог законот SOPA [1] и PIPA [2], за кои се цени дека доколку бидат усвоени ќе доведат до нарушување на слободниот проток на информации на Интернет. Со оглед на тоа што САД се земја во која се сконцентрирани поголемиот дел од бизнисите и организациите чија работа е директно поврзана со Интернет, овие промени во законската регулатива би имале големо влијание врз целиот свет. Уште повеќе слободата на изразување во многу делови на светот во голема мерка зависи од ставот на властите во САД во корист на таа слобода. Усвојувањето на законите како SOPA и PIPA би поставило опасен преседан и би имало негативни импликации во голем број од останатите земји во светот, посебно во оние каде што слободата на изразување и така не е на завидно ниво.


Став на Извршниот одбор на Викимедија Македонија


[1] Stop Online Piracy Act. Закон за спречување на пиратерија на Интернет (англиски). Со предлог законот се прошируваат овластувањата на органите за спроведување на законите на САД и носителите на авторските права во борбата против неовластено ширење, фалсификување и трговија со заштитена интелектулана сопственост преку Интернет. Мерките предложени со законот вклучуваат забрана на интернет огласувачите и посредниците при плаќање да работат со било кој веб сајт кој ги крши авторските права, забрана на интернет пребарувачите да прикажуваат врски до тој веб сајт и задолжително постапување на обезбедувачите на интернет за блокирање на пристапот до тој веб сајт. Викимедија Македонија, смета дека преку спроведувањето на предложените законски одредби, под изговор дека се штитат авторските права, може да се практикува цензура.

[2] PROTECT IP Act

[3] Wikipedia’s community calls for anti-SOPA blackout January 18

[4] English Wikipedia anti-SOPA blackout


[5] 2012.01.17 Wikipedia ќе биде исклучена во знак на протест против SOPA и PIPA (it.com.mk)

[6] 2012.01.17 Обама рече „НЕ“ за SOPA (it.com.mk)

[7] 2012.01.18 Wikipedia, Reddit и Wordpress се исклучија против SOPA (enter.net.mk)

[8] 2012.01.19 Се топи поддршката за законите SOPA и PIPA (ТВ Сител)


архива на вести ...