2012.02.29. Telenor овозможи бесплатна достапност на Википедија преку мобилен во Азија и Југоисточна Европа

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Telenor овозможи бесплатна достапност на Википедија преку својата мобилна мрежа во Азија и Југоисточна Европа. Партнерството со Telenor е важен дел од стратегијата на Викимедија Фондацијата и претставува прв ваков договор за регионот на Азија и Југоисточна Европа, со кој потенцијално може да се овозможи на преку 135 корисници на мобилната мрежа на Telenor во Тајланд, Малезија, Пакистан, Индија, Црна Гора и Србија бесплатен пристап до содржините на Википедија преку нивните мобилни уреди.

Telenor е втор мобилен оператор, после Orange, кој заедно со Викимедија Фондацијата ќе придонесе за олеснување на достапноста кон слободните содржини на Википедија. Договорот за партнерство е со траење од 3 години почнувајќи од 2012 година. Секоја локална подружница на Telenor ќе обезбеди технички решенија во соработка со Викимедија Фондацијата за обезбедување на бесплатен пристап преку мобилната мрежа до слободните содржини на Википедија.

Секој корисник на Telenor, со SIM картичка и уред со можност за мобилен интернет ќе може да пристапи на Википедија преку својот веб прелистувач онолку пати колку што сака без да се тарифира неговата сметка се додeка ја користи стриктно само Википедија.


Викимедија Фондацијата (http://wikimediafoundation.org) е непрофитна организација која се грижи за слободната енциклобедија - Википедија. Според comScore Media Metrix, Википедија заедно со другите проекти на Викимедија Фондацијата има повеќе од 470 милиони посетители месечно, што ја прави пета најпопуларна цеб страна на светско ниво. Википедија е достапна на повеќе од 280 јазици, содржи преку 20 милиони статии, уредувани од повеќе од 100.000 доброволци ширум светот .

Надворешни врски[уреди]


архива на вести ...