2012.07.21 Микросам Академија - Прилеп, предавање за Википедија

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Предавање на Викимедија Македонија пред студентите на Микросам Академијата во Прилеп.

2012.07.21. По покана на Микросам Академијата[1] од Прилеп, Викимедија Македонија одржа предвања за Википедија на студентите од академијата. Предавањето се одржа пред четириесетина студенти на Академијата.

Предавањето го започна Слободан Јаќоски со општ осврт на проектите на Викимедија и со посебен нагласок на проектот Википедија. Во вториот дел од предавањето свое излагање имаше Димче Грозданоски, кој се осврна на различните улоги на уредувачите на Википедија, согласно нивните привилегии на системот и признание од викизаедницата.

Слушателите на предавањето пројавија голем интерес за Википедија, поставувајќи најразлични прашања на кои со задоволство се одговараше.

По разговорот со официјалните претставници на Академијата, беше констатирано дека студентите пројавуваат интерес за Википедија и останатите проекти на Викимедија, посебно во областа на работа со бот на Википедија, за што во блиска иднина се планира да се одржи специјално предавање.

Референци[уреди]

  1. MIKROSAM - ACADEMY OF TALENTS - NEW CHALLENGE. mikrosam.com

архива на вести ...