2013.03.26 Обука за Википедија во СГУУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Уредување на „Википедија“

На ден 26 март 2013 година со почеток во 12:00 часот во СУГГС „Здравко Цветковски“ - Скопје за учениците се одржи работилница за уредување на Википедија.

Агенда[уреди]

  1. Најавување на википедија. SUL сметки.
  2. Основи на вики јазикот за означување (wiki markup language)
  3. Како да почнам нова статија
  4. Како да уредам постоечка статија
  5. Подигање на слики
  6. Вики-проекти, координација на работата на уредувачите на одредена тема. Посочен како пример вики-проектот ППЃП - ВикиПроект за координација на работата на Википедија на учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп

Предавач[уреди]

На покана на организаторот на настанот, СУГГС „Здравко Цветковски“ - Скопје.

  • Димче Грозданоски, претседател на Викимедија Македонија, активен уредувач на Викимедија проектите меѓу кои и Википедија на македонски јазик, администратор на Википедија на македонски јазик, вработен во Министерството за образование и наука.

Што научивме[уреди]

Научивме:

  • како да се регистрираме на википедија,
  • како да ја создадеме својата корисничка страница и како да започнеме со нејзино уредување
  • како да ја користиме страницата за разговор, преку едноставни примери на пишување на пораки до своите соученици,
  • како да ги потпишуваме коментарите во страниците за разговор
  • како да користиме шаблони, преку употреба на babel шаблонот,
  • како да направиме наслови и поднаслови, автоматско создавање на содржина
  • како да користиме на болд и италик стилови на пишување,
  • како да подигнуваме слики на commons
  • како се употребуваат сликите на википедија
  • некои техники на преведување на статии од други јазични изданија на википедија.

архива на вести ...