Членство

Од Викимедија Македонија
(Пренасочено од Clenstvo)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Членовите на Викимедија Македонија се основни двигатели на активностите. Добредојден е секој кој ги подржува нашите цели и сака да ни се придружи.

Придобивки од членството

  • Активна подршка на нашите цели и работа.
  • Сите членови се рамноправни и можат да бираат органи, како и да бидат бирани во органите на Викимедија Македонија, во склад со Законот.
  • Може да се пријавите за микрогрантови, кои ќе ви помогнат во остварување на вашите локални проекти.

Кој може да стане член

  • Член на Викимедија Македонија може да биде секој кој ги подржува целите на Здружението.
  • Не мора да живеете во Македонија за да станете член на Викимедија Македонија.
  • Потребно е да сте полнолетен на денот на пристапување во членството на Викимедија Македонија.
  • Пожелно е да сте уредувач на некој од проектите на Викимедија Фондацијата.
  • Потребно е да поднесете Пристапница до Извршниот одбор на Викимедија Македонија во која ќе го наведете вашето име и презиме, адреса на живеење. Не наведувајте корисничко име под кое се најавувате на проектите на Викимедија. Личните податоци ќе бидат запишани во Книгата на членови. Со податоците се постапува согласно законите на Република Македонија за заштита на лични податоци.
  • Доколку сметате дека не можете да ги преземете обврските од членството а сепак сакате да помогнете во остварување на нашите цели, можете да донирате средства на нашата сметка, кои ќе ги искористиме согласно нашите програмски определби.[1]

Престанок на членство

  • Членството престанува на лично барање на членот, со одлука на Извршниот одбор, во други случаи предвидени со Законот.

Членарина

  • Висината на членарина се утврдува на Годишно собрание на Викимедија Македонија.
  • За 2010 година не беше потребно да се уплати членарина.
  • Извршниот одбор на својата седница од 17 декември 2010 година, донесе одлука да му предложи на Собранието членарината за 2011 година да изнесува 500 денари.

Референци

  1. Програмски план за 2012