2010.12.25. Годишно Собрание на Викимедија Македонија

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Согласно заклучоците на Извршниот одбор донесени на состанокот одржан на 17. декември 2010 година закажано е Годишно Собрание на Здружението на граѓани „Викимедија Македонија“ кое ќе се одржи на 25 декември 2010 година со почеток во 18.00 часот во ресторанот „Калдрма ракија бар“ во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за рестранот ќе најдете на следнава URL врска.

Согласно одредбите од Статутот, Чл. 20, 21 и 22, Собранието на Здружението како највисок орган се состои од сите редовни членови на Здружението. Заседава според потребите а најмалку еднаш годишно а го свикува Претседателот на Здружението или една петина од редовните членови. Сите членови на Собранието на Здружението имаат исто право на глас. Седниците на Собранието на Здружението се јавни.

Годишното собрание е со следниов Предлог Дневен ред:

1. Усвојување на Предлогот за Дневен ред;
2. Разгледување на Предлог измените на Статутот на Здружението, поднесени од Извршниот одбор;
3. Донесување на програмски и други документи на Здружението;
4. Разгледување на Извештајот на Извршниот одбор во однос на Програмата за работа за 2010 година;
5. Разгледување на Предлог Програмата за работа за 2010 година поднесена од Извршниот одбор;
6. Усвојување на финансиски план за 2011 година;
7. Избор на нови членови на Извршниот одбор;
8. Разгледување и усвојување на други извештаи на остатите органи на Здружението (Извршен одбор и Надзорен одбор);
9. Формирање на работна група за изготвување на Деловник за работа на Собранието;
10. Формирање на работна група за изготвување на Деловник за работа на Извршниот одбор;
11. Разгледување на предлози и донесување на одлуки за награди и признанија;
12. Разно.

Поканети се сите членови на Здружението.


архива на вести ...