2011.01.15. Јубилеј 10 години Википедија

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На 15 јануари 2011 година, слободната енциклопедија Википедија ќе прослави 10 години постоење. Основана од Џими Велс во 2001, Википедија денес е петта најпосетена веб-страна во светот, со 410 милиони читатели месечно (comScore, ноември 2010). Денес, со над 17 милиони статии на 270 јазици (бројот постојано расте), Википедија е единствената топ 10 веб-страна во светот која е вистински создадена, поддржана и оддржувана од корисниците. За време на последните 10 години, стотици илјади луѓе придонесоа со повеќе од една милијарда уредувања за овој витален ресурс.

Википедија е од нас, за нас. Затоа, по повод 10 години Википедија, волонтери од целиот свет, на повеќе од 230 локации, на сите 5 континенти, го прославуваат 10-тиот роденден на Википедија. 10 години Википедија ќе се просалвува и на Интернет: на Facebook, со организирање на видео конференции на 7 локации, мрежни комуникации со посредство на Skype, IRC и QQ.

И во Скопје, главниот град на Македонија, во организација на Викимедија Македонија, поддржана од повеќе организации, групи и поединци, ќе се одржуваат повеќе настани да се одбележи овој исклучителен јубилеј. Централниот настан ќе се одржи во Старата чаршија, срцето на градот и многувековен амалгам на различни култури и религии.

Доколку сакате, но не е задолжително, може да се додадете на списокот на посетители пополнувајќи го овој формулар, со што ќе ни помогнете подобро да го организираме овој настан.

Настанот е отворен за сите.

Надворешни врски[уреди]

  • ten.wikipedia.org, официјална веб-страница на настанот