Википедија во вашето училиште

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште“

„Википедија во вашето училиште“ е проект со кој сакаме да овозможиме поголема свесност за проектите на Викимедија во училиштата. Доколку сте наставник во некое училиште кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно контактирајте не, би сакале да ги споделиме искуствата. На ваше барање Викимедија Македонија и членови на локалната вики заедница може да одржат презентација на досегашните искуства во поглед на вклучувањето на учениците во нашите проекти, како и предавања за техниката на уредување на статиите, нивната категоризација и други особености на Википедија.

Постојат повеќе форми на соработка:

  • Наједноставно е да се одржи презентација на проектите на Викимедија во вашето училиште.
  • Предавање пред ученици од вашето училиште заинтересирани за повеќе информации за проектите на Викимедија.
  • Предавања на учениците со цел да се стекнат со основни сознанија за проектите на Викимедија.
  • Организирање на работилници со практични вежби за користење на Википедија, за уредување на Википедија или на било кој друг Викимедија проект.
  • Организирање на вики-проекти во кои учениците ќе се вклучат на организиран начин во подобрувањето на содржините на Викимедија проектите.

mk-eduatlists.wikimedia.org е-поштенски список во кој членуваат наставниците заинтересирани за примената на Википедија во образованието.

Активности[уреди]

  • Подобрување на страницата за вашето училиште
  • Формирање на вики-секција во вашето училиште
  • За секој предмет правам статија која ја нема на википедија
  • Преведуваме статии на другите јазични изданија на википедија
  • Подигнуваме фотографии, карти, скици и други цртежи на Заедничката ризница со кои ги илустрираме нашите статии
  • Од бит-мапирани карти правиме векторски карти
  • Во мојата паралелка по мојот предмет секој ученик прави статија која ја нема на википедија
  • На крајот од полугодието избирам најдобра статија во мојата паралелка по секој наставен предмет
  • Се одржуваат редовни вики средби во моето училиште на кои се разменуваат искуства
  • Наши ученици се прифатени од вики-заедницата како рамноправни челнови
  • Наши ученици се промовирани во администратори на википедија
  • На крајот од школската година бираме најдобри статии кои ги направиле нашите уеници
  • На крајот од школската година бираме најактивен наставник кој работел на подобрување на википедија
  • Учествуваме на вики-конференции и семинари каде ги разменуваме своите искуства со останатите училишта

Соработка со училишта[уреди]

Вики проект[уреди]

Вики проектите се понапредна форма на соработка со училиштата, преку кои одредена група на ученици се фокусира на подобрување на содржините на википедија и останатите Викимедија проекти кои се во фокусот на нивниот интерес. Најчесто вики-проектите се раководени од наставник-ментор од училиштето кој ја координира работата на учениците, задава теми на секој ученик поединечно и врши оценка на неговата работа. Во групата е пожелно да има еден или повеќе ученици кои веќе имаат познавања во уредување на википедија како би можело останатите ученици во групата следејќи го нивниот пример, полесно да завладеат со вештините на уредување.

На Википедија на македонски јазик постојат мноштво вики проекти, а некои од нив се и проекти во кои активно учество земале и ученици во некои од училиштата со кои Викимедија Македонија има остварено соработка.

Вики секција[уреди]

Вики секциите се формираат на ниво на училиште. Училиштето обезбедува просторија каде се одвиваат активностите во рамките на секцијата. Секциите се раководени од наставниот кадар во училиштето. Членовите на вики секцијата соработуваат меѓу себе и остваруваат соработка со вики секциите од другите училишта во форма на размена на искуства, работа на заеднички проекти, учество на натпревари и сл.

Поврзано[уреди]