Википедија на вашиот факултет
Од Викимедија Македонија
Википедија на вашиот факултет е проект со кој сакаме да овозможиме поголема свесност за проектите на Викимедија на факултетите. Доколку сте професор на некој од факултетите кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно контактирајте не, би сакале да ги споделиме искуствата.
Содржина |
[уреди] Соработка со факултети
Викимедија Македонија веќе има остварено соработка со повеќе факултети:
| датум | Опис | Област |
| 2012.03.21 | Предавање на SEEU. (повеќе...) | Современи науки и технологии |
| 2012.03.14 | Обука за студентите по историја (повеќе...) | Историја |
| 2011.12.15 | Предавање за Википедија на ФИНКИ. (повеќе...) | Компјутерски науки |
| 2011.09.06 | Ден за придонес на Википедија во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово (повеќе...) | Општо |
| 2011.04.09 | Предавање на Економскиот Институт во Скопје со почеток во 10.00 часот, во врска со проектите на Викимедија и нивното значење во развојот на електронската трговија (повеќе...) | Економија |
| 2011.01.20 | Предавање за Википедија на Универзитетот за Туризам и Менаџмент - Скопје. (повеќе...) | Туризам |
| 2010.12.03 | Предавање за Википедија и Викимедија Македонија пред студентите на Европскиот Универзитет - Република Македонија (повеќе...) | Маркетинг |
| 2010.11.23 | Предавање за Википедија пред студентите на Природно математичкиот факултет (повеќе...) | Компјутерски науки |
[уреди] Вики проекти
- ВПФИНКИ, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Фактултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Координатор на проектот е проф. Катерина Здравкова.
- ИИПМФ, проект во соработка со Институтот за Информатика при ПМФ опфаќа изработка/превод на статии од англиската Википедија и нивно поставување на Википедија на македонски јазик. Координатори на проектот се проф. Катерина Здравкова, Милош Столиќ.
[уреди] Ликовна одлика на образовниот програм на Викимедија
Повеќе: http://outreach.wikimedia.org/wiki/Wikipedia_Education_Program_visual_identity