Википедија на вашиот факултет

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Википедија на вашиот факултет е проект со кој сакаме да овозможиме поголема свесност за проектите на Викимедија на факултетите.

Доколку сте професор на некој од факултетите кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно контактирајте не, би сакале да ги споделиме искуствата.

Постојат повеќе форми на соработка:

  • Наједноставно е да се одржи презентација на Викимедија проектите во вашата институција.
  • Предавање пред мала група на студенти заинтересирани за повеќе информации за проектите на Википедија.
  • Предавања пред поголема група на студенти на кои би се стекнале со основни сознанија за Викимедија проектите.
  • Организирање на работилници со практични вежби за користење на Википедија, за уредување на Википедија или на било кој друг Викимедија проект.
  • Организирање на вики-проекти во кои студентите од вашата институција ќе се вклучат на организиран начин во подобрувањето на содржините на Викимедија проектите.
  • Организирање на конференција на која ќе се разменат искуства и идеи во користењето на Википедија во наставата.

Доколку сте студент на некој од факултетите кој смета дека википедија е корисен извор на знаење во текот на вашите студии слободно контактирајте не, би сакале да ги споделиме искуствата:

  • Може да организирате студентски клуб на вашиот факултет каде ќе ги споделувате вашите искуства со колегите
  • Може да се зачлените во Викимедија Македонија и да се вклучите во нашите активности
  • Пријавете се за добивање на стипендија за учество на Викиманија

Соработка со факултети[уреди]

Викимедија Македонија веќе има остварено соработка со повеќе факултети од различни Универзитети во Македонија.

Остварени се низа презентации и предавања. Спроведени се и неколку работилници, каде слушателите имале практична можност да се запознаат со вики технологијата, да отворат своја корисничка сметка и да започнат да уредуваат.

датум Опис Област
2013.02.15 Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје. Трет ден. (повеќе...) Општествени науки
2012.12.13. Викимедија Македонија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. (повеќе...) Општествени науки
2012.12.06. Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје. Втор ден. (повеќе...) Општествени науки
2012.12.05. Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје. Прв ден. (повеќе...) Општествени науки
2012.07.05 Доделени дипломи на студентите учесници во проектот „Македонија на Википедија“ за 2011/2012 година. Дипломите ги додели заменик министерот во министерството за образование и наука г-дин Сафет Незири. (повеќе...) Компјутерски науки
2012.04.24 Меморандум за соработка потпишан помеѓу ВMMK и Факултетот за современи науки и технологии. (повеќе...) Современи науки и технологии
2012.04.24 Викимедија Македонија на SEEU. (повеќе...) Современи науки и технологии
2012.03.30 Предавање и обука за Википедија на Економскиот факултет во Скопје во рамките на предметот Интернет маркетинг. Економија
2012.03.21 Предавање на SEEU. (повеќе...) Современи науки и технологии
2012.03.14 Обука за студентите по историја (повеќе...) Историја
2011.12.15 Предавање за Википедија на ФИНКИ. (повеќе...) Компјутерски науки
2011.09.06 Ден за придонес на Википедија во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово (повеќе...) Општо
2011.04.09 Предавање на Економскиот Институт во Скопје со почеток во 10.00 часот, во врска со проектите на Викимедија и нивното значење во развојот на електронската трговија (повеќе...) Економија
2011.02.24 Предавање за Википедија на Економскиот факултет во Скопје во рамките на предметот Интернет маркетинг. Економија
2011.01.20 Предавање за Википедија на Универзитетот за Туризам и Менаџмент - Скопје. (повеќе...) Туризам
2010.12.03 Предавање за Википедија и Викимедија Македонија пред студентите на Европскиот Универзитет - Република Македонија (повеќе...) Маркетинг
2010.11.23 Предавање за Википедија пред студентите на Природно математичкиот факултет (повеќе...) Компјутерски науки

Вики проекти[уреди]

Наградени студенти од страна на министерството за образование и наука, учесници во проектот „Македонија на Википедија“ за студиската 2011/2012 година.

Вики проектите се понапредна форма на соработка со факултетите, преку кои одредена група на студенти се фокусира на подобрување на содржините на википедија и останатите Викимедија проекти кои се во фокусот на нивниот интерес. Најчесто вики-проектите се раководени од ментор од институцијата кој ја координира работата на студентите, задава теми на секој студент поединечно. Во групата е пожелно да има еден или повеќе студенти кои веќе имаат познавања во уредување на википедија како би можело останатите студенти во групата следејќи го нивниот пример, полесно да завладеат со вештините на уредување.

На Википедија на македонски јазик постојат мноштво вики проекти, а некои од нив се и проекти во кои активно учество земале и студенти на некои од факултетите со кои Викимедија Македонија има остварено соработка во форма на презентации или предавања за Википедија:

  • МИКРОСАМ 2012, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Микросам Академијата од Прилеп.
  • WPSEEU 2012, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик и Википедија на албански јазик од страна на студентите на Факултетот за современи науки и технологии при Југоисточниот Европски Универзитет од Тетово. Координатор на проектот е деканот на факултетот, доц. д-р Беким Фетаји.
  • ВПФИНКИ 2011/12, проект кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на Фактултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Координатор на проектот е проф. Катерина Здравкова.
  • ИИПМФ 2007, проект во соработка со Институтот за Информатика при ПМФ опфаќа изработка/превод на статии од англиската Википедија и нивно поставување на Википедија на македонски јазик. Координатори на проектот се проф. Катерина Здравкова, Милош Столиќ.

Ликовна одлика на образовниот програм на Викимедија[уреди]

Повеќе: http://outreach.wikimedia.org/wiki/Wikipedia_Education_Program_visual_identity

Слични проекти во други земји[уреди]

Поврзано[уреди]

Википедија во вашето училиште