Регионални и стручни одбори на Викимедија Македонија
Изглед
Регионалните одбори се организираат по регионалните центри.
Регионалните одбори имаат најмалку два члена кои ги именува Собранието.
Со работата на регионалните одбори раководат претседателите на регионалните одбори кои ги бираат членовите на соодветните регионални одбори.
Мандатот на Претседателот на регионалните одбори е четири години.
Стручните одбори се организираат по енциклопедиски области.
Стручниот одбор може да се состои од најмалку два члена, а го заверува и распушта Собранието.
Со работата на стручните одбори раководат претседатели на стручните одбори кои ги бираат членовите на соодветните стручни одбори