Главна страница

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето


Викимедија Македонија
Во поддршка на слободните културни дела во Македонија
Градиме свет каде секој има слободен удел во севкупното човеково знаење
Настани
Тековни активности и проекти
  • Википедија на вашиот факултет, проект со кој сакаме да овозможиме поголема свесност за проектите на Викимедија на факултетите. Доколку сте професор на некој од факултетите кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно контактирајте нè, би сакале да ги споделиме искуствата.
  • Википедија во вашето училиште, проект со кој сакаме да овозможиме поголема свесност за проектите на Викимедија во училиштата. Доколку сте наставник во некое училиште кој смета дека википедија е корисен извор за спроведување на вашиот наставен план слободно контактирајте нè, би сакале да ги споделиме искуствата.
  • Програмски план на Викимедија Македонија за 2013 година.
  • Измена на Статутот на Викимедија Македонија согласно новиот Закон за здруженија на граѓани и фондации.
Организациона структура

Претседател на здружението: Димче Грозданоски (dimce.grozdanoski@gmail.com)

Потпретседатели на здружението: Слободан Јаќоски, Ивица Дуковски, Милош Столиќ, Бојан Манчев

Извршен одбор: Слободан Јаќоски, Милош Столиќ, Игор Кузмановски, Снежана Штрковска

Надзорен одбор: Василка Димитровска, претседател на надзорен одбор, Милош Столиќ, Бојан Манчев

Контакти

Поштенски списоци:

Членство

Членството во Здружението е на доброволна основа. Член може да биде секое физичко и правно лице кое ги прифаќа целите и Статутот на Здружението. Членовите можат да бидат редовни, соработници и почесни членови. Својство на Член се стекнува со потпишување на пристапница која ја заверува Извршниот одбор. Сите членови се рамноправни и можат да бираат органи на Здружението, како и да бидат бирани во органите на Здружението, во склад со Законот. Членството престанува на лично барање на членот, со одлука на Извршниот одбор, во други случаи предвидени со Законот.

Донации
  • ЕМБС: 6555829, Викимедија Македонија Скопје, Даночен број: 4032010504914
  • Денарска сметка, конто бр. 380776896800127 МКД
Викимедија Македонија

Здружението на граѓани - Викимедија Македонија е локален огранок на Фондацијата Викимедија за Република Македонија. Здружението официјално беше признато како локален огранок на Фондацијата на 21 септември 2009 година, со одобрение од страна на Одборот на доверители на Фондацијатата Викимедија. Викимедија Македонија е регистрирана како правно лице во Централниот регистар на Република Македонија на 1 февруари 2010 година.

Локални ограноци на
Фондацијата Викимедија


Проекти на Викимедија
Википедија
Слободна енциклопедија
Заедничка ризница
Складиште на слики и други мултимедијални содржини
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Викиречник
Речник и лексикон
Викицитат
Збирка на цитати
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Викивидови
Именик на видови
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Мета-Вики
Координација на проектот „Викимедија“