Програмски план за 2012
Википедија е успешна Интернет приказна: основана 2001 година од страна на Џими Велс, денес има над 20 милиони статии на над 280 јазици. На македонски јазик, има над 50.000 статии. Преку 12 милиони мултимедијални податотеки се достапни и слободни за употреба за кого било, достапни на слободната мултимедијална архива „Wikimedia Commons“.
Основата на овој успех е континуираната работа на илјадници доброволци што секојдневно пишуваат нови статии, ја ажурираат содржината на постоечките, додаваат фотографии и илустрации, ги поправаат синтаксичките и граматичките грешки и работат многу други неопходни работи.
Она што е постигнато досега е несомнено многу, но далеку од тоа дека Википедија е завршен проект. Постојат најмалку три точки кои се од значење за иднината на Википедија и кои треба да бидат во фокусот на вниманието на Викимедија Македонија за претстојната година.
- Бројот на уредувачи на македонската верзија на Википедија е на многу ниско ниво за одржлив развој на проектот, бројот на постојани уредувачи подолго време стагнира.
- Википедија постојано апелира до различни социјални групи да земат учество во уредувањето, но сепак, тоа не се рефлектира позитивно на бројот на уредувачи на Википедија.
- Википедија сè повеќе се користи, но основата на којашто се заснова Википедија (концептот на слободно знаење, партиципација во уредувањето и сл.) не се доволно познати во јавноста.
Од овие три точки, кои ќе бидат анализирани подоцна во овој програмски план, произлегува дека Викимедија Македонија треба да вложи напори за промоција на работата на доброволците, развој на квалитетни иницијативи и промоција на слободното знаење во образованието, политиката, културата и медиумите.
Оваа година би сакале да ги вклучиме нашите членови и јавноста во процедурата на усвојување на нашиот програмски и финансиски план, со јавно изложување на работната верзија овие планови неколку месеци пред нашето годишно собрание, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат шанса да дебатираат за нашите предлог цели. Уште повеќе членовите на Викимедија Македонија и нашите партнер организации ќе имаат можност за директно влијание во насочувањето на фокусот на нашите активности следната година со поднесување на соодветни амандмани на плановите.
Предложените цели се амбициозни и одредниците за успех се поставени на високо ниво, но ако се има предвид енормното значење на слободното знаење за нашата општествена заедница, тие се соодветни и неопходни. Тие одредници можат да бидат постигнати само ако членовите, заинтересираната јавност и било кој кој се чуствува поврзан со слободното знаење, се согласат да ги постигнат и се потрудат да ги остварат во текот на 2012 година.
- Димче Грозданоски,
- Претседател на Викимедија Македонија
Википедија
[уреди]Иако Википедија се повеќе се користи, принципите врз кои се заснива Википедија воглавно се непознати. Секој може да ја користи содржината на Википедија без да биде поблиску вклучен во активностите околу нејзиното одржување, но недостатокот од свесност за слободното знаење, можностите за учество, отвореноста на Википедија, може да доведе до недоразбирања и погрешни просудувања. Ова станува јасно од барањата кои постојано пристигнуваат до нас како и постојаните грешни извештаи во медиумите поврзани со Википедија како резултат на некритично користење на содржините на Википедија посебно во училиштата и на универзитетите.
Успехот бара одговорност! Википедија се развива многу брзо, не само како енциклопедија како прв (и невообичаено но како единствен) извор на информации за секој кој сака да знае нешто. Википедија е извор на знаење за милиони луѓе ширум светот. Секој месец имаме 3 - 5 милиони посети на Википедија на македонски јазик. Се поголем е бројот на ученици во основното образование кои ја користат Википедија барем еднаш во седмицата, се поголем е бројот на наставници кои ја користат Википедија како најзначна веб страна за подготовка на лекциите.
Уредувачи
[уреди]Во текот на 2010/2011 година, Фондацијата Викимедија ја направи студијата „Испитувањето на трендовите на уредувачите“[1] во која се анализира состојбата со композицијата на уредувачите на Википедија.[2] Резлутатите од оваа студија покажуваат дека кај сите јазични изданија на Википедија постои опаѓање на стапката на прилив на нови уредувачи а во исто време има тренд на намалување на бројот на активни уредувачи.
Кога искусните уредувачи ќе и свртат грб на Википедија, две нешта се губат:
- се губи големиот потенцијал во уредувањето на нови содржини на Википедија, во делот на уредување на енциклопедиски содржини, воспоставување на процедури и зацврснување на структурата на проектот.
- со секој загубен уредувач се губи специјалната експертиза во областа во која делувал уредувачот, статиите престануваат да бидат ажурирани и надгледувани.
Овие негативни ефекти се зголемуваат со оглед на тоа што во исто време станува се потешко да се привлечат нови уредувачи.
Во 2011 година, Википедија наполни 10 години. За овие десет години, беше развиена структурата, правилата и конвенциите за работа на Википедија, кои не секогаш се прифатливи за новите уредувачи. Википедија има исто така и своја социјална структура која е контролирана од формални правила на комуникација но и од непишани правила, што исто така ги обесхрабрува новите Википедијанци.
Како директна последица на ова, постои ризик сите иницијативи на Викимедија Македонија за привлекување на нови уредувачи да останат јалови. Дури и да успееме да привлечеме нови уредувачи на Википедија, ако тие не учествувале во дефинирањето на правилата и нивно практицирање во претходниот период тие нема да ја разберат стуктурата и ќе се чуствуваат недобредојдени на Википедија. А тоа нема да не доведе до остварување на нашите цели.
Жените ја користат Викимедија мошне интензивно, 64% од читателите се жени, што е значително поголем процент отколку мажите читатели, но за разлика од тоа жените уредувачи на Википедија учествуваат со само 9%. Не толку драматичен е и дисбалансот на учеството на различни старосни групи во уредувањето на Википедија. Истражувањата покажуваат дека доминираат уредувачите на возраст од 15-30 години и од 40-50 години. Луѓето над 50 години се слабо застапени на Википедија како уредувачи, иако тие се мошне застапени на Интернет.
Несоодветната застапеност на одредени групи може да доведе до влошена работна атмосфера кај уредувачите на Википедија. Формата на комуникација која се појавува кај доминантната група, мажи на возраст од 15-30 и 40-50 години, може да биде обесхрабрувачка за луѓето кои припаѓаат во другите старосни гупи. Во исто време, сите релевантни истражувања покажуваат дека зголеменото учество на жените во уредувањето на Википедија може да доведе до подобрување на работната атмосфера кај сите уредувачи.
Исто така, слабата застапеност на жените во одредени старосни групи едноставно води кон губење на потенцијални можности за развој во области од интерес за жените. Искуството на постарите е неискористено а со тоа некои области нема да бидат соодветно опфатени на Википедија. Како резултат на сето ова имаме ниско ниво на диверзитет во смисла на знаењето опфатено на Википедија.
Стратешки цели
[уреди]Врз основа на направените анализи, предлагаме да се фокусираме на следниве стратешки цели:
- Промоција на доброволците со создавање на соодветни организациски капацитети;
- Зголемување на квалитетот на содржините на Википедија и промоција на уредувачите;
- Објаснување на тоа што е Википедија и концептот на слободно знаење во јавноста, како и прибирање на што е можно повеќе слободни содржини и зголемување на употребата на Викимедија содржините надвор од рамките на Викимедија проектите.
Оперативни цели
[уреди][А] Промоција на доброволната работа
За да се осигура иднината на проектите на Викимедија, промоцијата на веќе активните уредувачи е исто толку важна колку и регрутирањето на нови уредувачи. Нашите заложби за промоција мора да овозможат трансфер на знаењето низ целата заедница и меѓусебното вмрежување на доброволците. Доброволците треба да бидат во позиција да го користат ефикасно своето време работејќи на проектите. Помошта воглавно ќе обезбедува практични вештини и прилагодувања на потребите на доброволците.
Организацијата на настани / средби на кои доброволците ќе разменуваат искуства меѓу себе и заеднички ќе работат (Вики конвенции, Wiki loves Monuments, Средби на уредувачи, Вики средби,...) ќе бидат финансиски и логистички подржани, вклучително и обезбедување на литература, електронски бази на податоци и опрема за работа на статиите или организирање на натпревари за промоција на идеи за нови проекти на Википедија.
Со оглед на тоа што 2012 година е првата година на преземање на вакви мерки, бројката од една Вики конвенција во текот на 2012 година, 2-3 настани од типот на Wiki loves Monuments, десетина Средби на уредувачи и дваесетина вики средби би било индикатор за успешно спроведување на овие мерки. Се предлага после секој ваков настан учесниците да пополнат прашалник за нивното задоволство од настанот и нивни предлози за подобро организирање.
[Б] Медиуми и политика
Во 2012 година слично како и 2011 активно ќе соработуваме со медиумите и преку соопштенија ќе ја информираме јавноста за нашите активности. Исто така активно ќе се вклучиме во разгледувањето на законската регулатива која има допирна точка со споделувањето на знаење како што се законите кои ги регулираат авторските права и слободата на говор, заштита на личните податоци, закон за здруженија и фондации, закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер и сл.
За да ги изразиме нашите интереси и позиции многу појасно, ќе лиферуваме документи (соопштенија и изјави) со цел да ја зајакнеме нашата положба во однос на останатите чинители на јавниот и политичкиот живот во државата. Ќе оствариме регуларни консултативни средби со парламентарци, политички аналитичари и други тинк-тенк центри.
Сакаме да го зголемиме нашето учество во јавни дебати и уште повеќе некои од нив да иницираме. На овој начин ќе отвориме простор и ќе создадеме можности да станеме референтна точка за Википедијанците и оние делови од нашето општество кои имаат интерес за креирање на Интернет политиките. На овој начин би иницирале измени и адаптација на македонските закони согласно барањата и стандардите на современите вмрежени информатички општества.
Сите овие активности треба да помогнат во создавањето, дисеминацијата и користењето на слободните содржини. Ова е предизвик кој е можен само доколку се имплементира во соработка со други важни чинители во нашето општество.
[В] Развој на организацијата
Со цел здружението да биде успешно на долг временски рок, Викимедија Македонија своите активности треба да ги прошири и надвор од Скопје, и треба да има свои регионални одбори во внатрешноста на Македонија. На тој начин идејата за споделување на слободното знаење полесно ќе се распространи низ Македонија. Со зголемување на бројот на членови во Викимедија Македонија, здружението ќе има потенцијал за започнување и водење на проекти од поширок спектрум.
Треба да се оствари дијалог со веќе постоечките членови на Викимедија и членови на вики заедницата на Википедија на македонски јазик за нивниот интерес и гледиште за формирање на регионални и стручни одбори.
Друг начин на зајакнување на организацијата е преку формирање и подршка на други групи од интерес кои се заинтересирани за ширење на идејата за споделување на слободното знаење, пред се по средните и основните училишта, како и на универзитетите.
За оваа цел членовите на Викимедија ќе ги информираат заинтересираните за можностите за формирање на локални и регионални одбори, за можностите на споделување на слободни знаења, размена на идеи, како и одржување на предавања, трибини или прикажување на филмови.
На секоја заинтересирана група ќе се додели контакт лице од Викимедија Македонија и ќе биде разговарано за формализирање на соработката и нејзино признавање како регионален или стручен одбор, во зависност од случајот. Секоја група ќе добие подршка во поглед на нејзина презентација во медиумите и организирање на настани и активности поврзани со работата на нејзините членови.
На крајот од 2012 година здружението треба да биде организација која ќе има најмалку три регионални и три стручни одбори со цел промоција на идејата за споделување на слободното знаење на локално ниво. Секој одбор да има по најмалку три члена.
[Г] Диверзитет на уредувачите
Со цел зголемување на бројот на уредувачи, потребно е да се намалат техничките и социјалните бариери.
Статистиките покажуваат дека постои тренд на намалување на бројот на уредувачи на Википедија. Тоа важи и за македонската Википедија, од 2009 година кога имаме годишен прилив од 202 нови уредувачи, последните години има опаѓање на приливот на нови уредувачи. Во овој момент на македонската википедија има околу 930 уредувачи. Тоа е мала бројка на уредувачи. Уште полоша е ситуацијата со искусните уредувачи, т.е. уредувачи кои направиле најмалку 1000 уредувања, што може да се земе како број на уредувања за искусен уредувач. Повторно според статистиките на македонската википедија има триесетина ваквии уредувачи, нивниот удел во уредувањето е повеќе од 80%, т.е. повеќе од 80% содржините на македонската Википедија ја напишале триесетина искусни уредувачи.[3]
Перспективно опасно е за една слободна енциклопедија кога новите уредувачи не се мотивирани да станат активни уредувачи, со што содржините остануваат подолго време не ажурирани и не се надополнува Википедија со нови статии.
Друг аспект на намалувањето на бројот на уредувачи е малиот диверзитет. Поголемиот диверзитет на уредувачите на Википедија резултира со повисок квалитет на статиите. Само кога различни уредувачи работат заедно на содржината создаваат квалитетни статии со што се подига општото ниво на квалитет на Википедија. Со цел да се постигне значителен напредок потребно е да се преземат мерки за привлекување на помалку застапените групи на уредувачи.
Женската популација е помалку застапена во уредувањето на Википедија и во самото вики движење, што може да се види од малиот број на уредувачи од оваа популација како и слабата посетеност на вики средбите.
[Д] Ослободување содржини
Ослободување на содржините е една од нашите цели. Сакаме да создадеме атмосфера која е пријателски настроена кон слободни информации, што бара промена во размислувањето и акција во јавноста и кај културните медијатори. Ширењето на менталитетот на ослободување/отклучување на податоците и содржините (за нас слободни содржини) води кон култура на споделување, и зајакнување на етичките норми на демократска јавност.
Владините тела, културни институции и други медиа организации се преферирани цели за нашата акција за ослободување на содржините. Владините тела (министерства, агенции, институти, заводи, ...) се посебно атрактивни бидејќи нивните структурирани податоци, фотографии и текстуални документи веќе се финансирани од даночните обврзници.
Културните институции, во контекст на Викимедија познати под акронимот GLAM (галерии, библиотеки, архиви и музеи) се исто така цел бидејќи тие содржат богати колекции на добро обработени материјали. Тоа значи на релативно лесен начин може да се создадат цели категории на статии на Википедија. Уште повеќе со оглед на големата посетеност на Википедија, тоа може да биде од голема корист и за самите културни институции при нивната промоција во јавноста.
Издавачките (медиа) организации пак се атрактивни поради нивните богати збирки со документи и содржини со известувања од настани, кои тие ги произведуваат и публикуваат. Многу од овие материјали лежат во фиоките на нивните архиви и библиотеки. Доколку сакаме да развиеме модерна општествена заедница базирана на знаење, ваквиот пристап во основа е неприфатлив.
За да ја постигнеме оваа цел, ќе направиме список на најзначајните државни институции (согласно нивниот буџет), ќе направиме преглед на ситуацијата со лиценцирањето на материјалите кои ги поседуваат и ќе побараме од нив и од јавноста таа ситуација да се промени во смисла на ослободување на содржините.
Ќе се фокусираме на воспоставување на програмата “Wikipedian in Residence”, преку која искусни википедијанци ќе работат извесно време во владини тела, библиотеки или компании каде ќе ја пропагираат идејата за слободно знаење. Искуствата од дргите земји покажуваат дека ваквиот начин на соработка може да ја зголеми довербата во вики заедницата. Во тесна соработка со секоја институција, ќе бидат развиени проекти за дигитализација, OCR, одржување на бази на податоци, реставрација, конверзија на телевизиски материјал и сл.
Како индикатор за успех ќе ни биде склучувањето на договори во текот на 2012 година со институции од следниве три сектори: влада, културни институции, издавачки куќи со намера да ги стимулираме другите институции во овие сектори да го следат тој пат.
Количината на овие содржини не е наша цел. Од суштинско значење за нас е содржината да биде во формат со висок квалитет (т.е. компатибилна со модерната технологија). Во смисла на ослободување на содржините, ослободувањето на историски материјали и материјали од сегашноста се со подеднакво значење.
За да се демонстрира одржливоста на оваа мерка, во 2012 година најмалку една институција треба да направи ослободување на содржините без директно инволвирање на Викимедија Македонија како партнер.
Референци
[уреди]- ↑ strategy.wikimedia.org Editor Trends Study англиски
- ↑ strategy.wikimedia.org March 2011 Update македонски
- ↑ stats.wikimedia.org Wikipedia статистики за Македонија