Претседател на Викимедија Македонија
Изглед
Претседателот на Викимедија Македонија ги има следниве права и должности:
- 1. Ја застапува и претставува Викимедија Македонија пред трети лица;
- 2. Извршува и други репрезентативни функции кои му ги доверува Собранието и Извршниот одбор;
- 3. Претседателот на Викимедија Македонија е истовремено и Претседател на Собранието.
- 4. Ги потпишува актите коишто ги донесува Собранието, согласно позитивните законски прописи и Статутот.
Претседателот го претставува и застапува Здружението во правниот промет и има права и должности на финансиски налогодавец.
Еден потпретседател овластен од Собранието во отсуство на Претседателот ја застапува Викимедија Македонија и ги потпишува сите финансиски документи во име на Здружението.
Избор од 2009
[уреди]Димче Грозданоски, согласно чл. 4 од Одлуката за избор на членови на органите на Здружението „Викимедија Македонија“ од 7 декември 2009, избран е за Претседател на Викимедија Македонија.