Собрание на Викимедија Македонија

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Собранието на Викмедија Македонија е највисок орган на Здружението и се состои од сите редовни членови на Здружението.

Собранието заседава според потребите а најмалку еднаш годишно.

Собранието на Здружението го бира Претседателот и потпретседателите со мандат од пет години.

Собранието на Здружението го свикува Претседателот на Здружението или една петина од редовните членови.

Работи кои се во надлежност на Собранието на Здружението:

1. Донесување на Статут на Здружението;
2. Избор и разрешување на Претседателот и потпретседателите;
3. Донесување на програмски и други документи на Здружението;
4. Избор и разрешување на членовите на Извршниот одбор;
5. Разгледување и усвојување на финансиски и други извештаи на остатите органи на Здружението;
6. Усвојување на финансиски план и усвојување на програма за работа;
7. Донесување на Деловник за работа на Собранието;
8. Донесување на Деловник за работа на Извршниот одбор;
9. Одлучување за организирање на регионални и стручни одбори, а во случај на итна потреба одлучување за негово гаснење;
10. Донесување на одлуки за награди и признанија;
11. Основање на постојани и повремени работни групи;
12. Извршување на други работи во согласност со Законот.

Сите членови на Собранието на Здружението имаат исто право на глас.

Седниците на Собранието на Здружението се јавни, а одлуките се донесуваат со одредена пропорција на присутните членови, утврдено со Деловникот за работа на Собранието, а најмалку со просто мнозинство на гласови од присутните членови и во согласност со Деловникот за работа на Собранието.

Бројот на членови неопходни за полноправно одлучување на Собранието, како и други детали поврзани со работата на Собранието на Здружението се дефинираат во Деловникот за работа на Собранието.

Основачко собрание[уреди]

Основачкото собрание на Викимедија Македонија е одржано во декември 2009 година.

Годишни собранија[уреди]

Во декември 2010 година се одржа првото Годишно собрание на Викимедија Македонија.

Второ годишно собрание на Викимедија Македонија, одржано на 5 јуни 2013 година.

Трето годишно собрание на Викимедија Македонија, одржано на 17 септември 2013 година.