Прејди на содржината

2010.12.03. Предавање за Википедија и Викимедија Македонија

Од Викимедија Македонија

Во рамките на предметот непрофитен маркетинг менаџмент, студентите од отсекот маркетинг на Факултетот за економски науки при Европскиот Универзитет - Република Македонија, имаа прилика да го чујат предавањето на Кирил Симеоновски, потпретседател за финансии и Слободан Јаќоски, потпретседател за односи со јавност на Викимедија Македонија.

Симеоновски се фокусираше на најуспешниот "производ" на Фондацијата Викимедија - слободната енциклопедија Википедија и нејзиното функционирање со објаснување на концептите на слободно знаење, слободен софтвер, размена на информации, различни лиценци (содржина + слики). Јаќоски зборуваше за предизвиците со кои се соочува Викимедија Македонија, и можноста за нивно надминување токму преку непрофитниот маркетинг менаџмент.


архива на вести ...