2011.12.15. Предавање на ФИНКИ

Од Викимедија Македонија
Прејди на: содржини, барај
FINKI logo.png
Wikimedia Macedonia logo mk.svg
Wikimania Logo

Пред студентите на ФИНКИ[1], ќе се одржи предавање за Википедија и проектот „Македонија на Википедија“.

Предавањето ќе се одржи во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје (ФИНКИ), пред студентите од прва година.

Настанот ќе се одржи на 15 декември 2011, со почеток во 14:45 часот.

Настанот е во организација на Викимедија Македонија и проф. д-р. Катерина Здравкова.

Презентација базирана на презентацијата од Misos.

Резултати[уреди]

После предавањето на факултетот е организирана група на студенти кои ќе уредуваат на Википедија.

На Википедија на македонски јазик, создаден е вики проект - ФИНКИ 2011-12[2] кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на студентите на ФИНКИ, со цел работата на студентите подобро да се организираа и координира. Проектот опфаќа категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат студентите.

Како резултат на активноста на студентите и останатите членови на вики заедницата, на Википедија на македонски јазик во рамките на проектот се создадени и/или значително подобрени педесетина статии од страна на петнаесетина членови на проектот во периодот од декември 2011 година до март 2012 година.

Референци[уреди]

  1. http://www.finki.ukim.mk/mk/activity/makedonija-wikipedia
  2. http://mk.wikipedia.org/wiki/VPFINKI

архива на вести ...