Викиманија 2011

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Wikimania 2011 logo
Wikimania 2011 logo

Викиманија е годишна меѓународна конференција на Викимедија заедницата. Секоја година организирана е од различни локални тимови, во 2011 година конференцијата ќе се одржи во Хаифа, Израел. Викиманија и овозможува на заедницата и на јавноста да дознае и сподели искуства во врска со иницијативите за слободно знаење низ светот.

Претходните конференции биле одржани во:

  • 2010 - Гдањск, Полска
  • 2009 - Буенос Аирес, Аргентина
  • 2008 - Александрија, Египет
  • 2007 - Тајпеј, Тајван
  • 2006 - Бостон, САД
  • 2005 - Фанкфурт, Германија

На минатогодишната конференција во Гдањск, учество зема и претставник од Викимедија Македонија.

Учеството на конференцијата е слободно за сите заинтересирани, посебно за активни уредувачи на проектите на Викимедија и/или за волонтери на Викимедија кои придонесуваат на некој друг начин. Исто така активисти на други проекти од областа на слободно знаење, слободен софтвер, колаборативе и/или образовен софтвер исто така може да се пријават за добивање на стипендија.

Фондацијата Викимедија обезбедува ограничен број на стипендии со кои се покриваат трошоците на избрани кандидати за учество на Викиманија. Постојат два типа на стипендии: целосни и делумни. Целосната стипендија ги покрива трошоците на патување, сместување и регистрација. Делумната стипендија покрива најмногу до $300 патни трошоци. Сите заинтересирани за добивање на стипендија за Викиманија 2011, треба да пополнат барање за стипендија.

Краен рок за пријавување за стипендија е 31 јануари 2001 година 23:59:59 UTC. Пријавите после овој рок нема да бидат разгледувани.


  • Од 2 до 3 август 2011 година во Хаифа, Израел ќе се одржи Developers' Meetings.
  • На 3 август 2011 година ќе се одржи Конференција на локалните Викимедија Ограноци.
  • Од 4 до 7 август 2011 година ќе се одржи Викиманија.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]


архива на вести ...