Собрание на Викимедија Македонија
Собранието на Викмедија Македонија е највисок орган на Здружението и се состои од сите редовни членови на Здружението.
Собранието заседава според потребите а најмалку еднаш годишно.
Собранието на Здружението го бира Претседателот и потпретседателите со мандат од пет години.
Собранието на Здружението го свикува Претседателот на Здружението или една петина од редовните членови.
Работи кои се во надлежност на Собранието на Здружението:
- 1. Донесување на Статут на Здружението;
- 2. Избор и разрешување на Претседателот и потпретседателите;
- 3. Донесување на програмски и други документи на Здружението;
- 4. Избор и разрешување на членовите на Извршниот одбор;
- 5. Разгледување и усвојување на финансиски и други извештаи на остатите органи на Здружението;
- 6. Усвојување на финансиски план и усвојување на програма за работа;
- 7. Донесување на Деловник за работа на Собранието;
- 8. Донесување на Деловник за работа на Извршниот одбор;
- 9. Одлучување за организирање на регионални и стручни одбори, а во случај на итна потреба одлучување за негово гаснење;
- 10. Донесување на одлуки за награди и признанија;
- 11. Основање на постојани и повремени работни групи;
- 12. Извршување на други работи во согласност со Законот.
Сите членови на Собранието на Здружението имаат исто право на глас.
Седниците на Собранието на Здружението се јавни, а одлуките се донесуваат со одредена пропорција на присутните членови, утврдено со Деловникот за работа на Собранието, а најмалку со просто мнозинство на гласови од присутните членови и во согласност со Деловникот за работа на Собранието.
Бројот на членови неопходни за полноправно одлучување на Собранието, како и други детали поврзани со работата на Собранието на Здружението се дефинираат во Деловникот за работа на Собранието.
Основачко собрание
[уреди]Основачкото собрание на Викимедија Македонија е одржано во декември 2009 година.
Годишни собранија
[уреди]Во декември 2010 година се одржа првото Годишно собрание на Викимедија Македонија.
Второ годишно собрание на Викимедија Македонија, одржано на 5 јуни 2013 година.
Трето годишно собрание на Викимедија Македонија, одржано на 17 септември 2013 година.