Прејди на содржината

Второ годишно собрание на Викимедија Македонија

Од Викимедија Македонија

Второто годишно собрание на Викимедија Македонија се одржа на 05 јуни 2013 година. Беа уредно поканети на лична електронска пошта сите 15 членови.
Двајца најавија отсуство: Бојан Манчев (болест) Василка Димитровска (обврски)
Присутни: Димче Гроздановски Милош Столиќ Слободан Јаќоски, Кирил Симеоновски Игор Димов Игор Кузмановски Снежана Штрковска

Се работеше според следниов:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Извештај за досегашната работа на Здружението (финансиска и за активностите)

2. Гласање `за` или `против` прифаќање на понудената оставка од страна на претседателот на Здружението, Димче Грозданоски.

3. Во случај оставката да се прифати или да се изгласа недоверба, избор на нов претседател на Здружението.

4. Дополнувања и измени на Статутот, во согласност со новите законски одредби.

5. Донесување план и програма за натамошните активности како и предлози на нови проекти (проект „НУБСК“, проект „Вики ги сака спомениците“,образовни проекти, конференција на Викимедија и др.)

6. Проширување на Здружението со нови членови

7. Разно


Собранието ги донесе следниве одлуки:

  1. Со три гласа „против“ прифаќање на оставката, 2 гласа „за“ прифаќање на оставката и 1 глас воздржан, Собранието на здружението на граѓани Викимедија Македонија не ја прифати оставката на тековниот претседател Димче Гроздановски.
  2. За работата на новиот Статут и негово изготвување се задолжува Слободан Јаќоски, како и да контактира и со правно лице за потребите на Здружението а во врска со составување на новиот Статут.
  3. Димче Гроздановски е разрешен од функцијата претседател на ИО, и не е член на ИО
  4. Милош Столиќ е разрешен од функцијата член на Надзорен одбор
  5. ИО се проширува со нови тројца членови: Милош Столиќ, Игор Кузмановски и Снежана Штрковска, кои заедно со досегашните членови Кирил Симеоновски и Слободан Јаќоски се членови на Извршниот одбор на здружението на граѓани Викимедија Македонија. Претседател на ИО ќе изберат меѓусебно на наредната седница на ИО.
  6. Се задолжува Извршниот одбор да донесе програмски план, а во меѓувреме доколку излезат проекти кои не се предвидени со програмскиот план, ИО одлучува за нивно спроведување.

Игор Димов, кој присуствуваше на целата седница на Собранието, на крајот поднесе барање да се повлече од членството во Викимедија Македонија, што Собранието му го прифати.

Записник од седницата на Собранието