Презентација на македонската Викизаедница на DIY фестивал

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На D.I.Y. фестивалот – Средства без цел, знаење без цена, кој се одржа во организација на задругата за креативна трансформација - Компресор, од 3 до 5 септември и од 10 до 12 септември во скопската чаршија, Слободан Јаќоски одржа презентација за македонската Викизаедница. Настанот, предвиден за последниот ден од фестивалот, беше доста посетен и присутните го изразија својот интерес преку голем број на прашања на теми поврзани Википедија на македонски јазик.