Разговор:Финансиски план за 2012
Додај темаСите забелешки кон текстот на „Финансискиот план“ добро би било прво да се дискутираат на оваа страница за разговор а потоа да се прават измените, освен доколку не се работи за едноставни интерпункциски, синтаксни, граматички или математички исправки на текстот. Учеството на сите заинтересирани во расправата е добродојдено. --Brest 05:58, 21 октомври 2011 (CEST)
Пресметка
[уреди]Збирот на износите под Б.1. не е одреден и погрешно е наведено дека изнесува 300.000. Мислам дека треба да се утврдат и овие износи. Што се однесува до останатите конференции, претпоставувам дека износите се одредени како случајни големини. Се разбира, не споредлив е износот на патните трошоци до Белград и износот на истиот вид на трошок до Вашингтон. Ова се сè работи кои ќе треба да бидат исправени. Со оглед на тоа дека јас сум главно задолжен за работите поврзани со финансии, вклучувајќи го и финансиското планирање, ќе се погрижам околу изготвувањето на поточни проценки.--Kiril Simeonovski 00:56, 21 октомври 2011 (CEST)
- Добра забелешка :) со оглед дека покажавте интерес за средување на бројките во финансискиот план тоа ќе биде од голема помош и драгоцено. Поздрав. --Brest 05:56, 21 октомври 2011 (CEST)