2010.12.01. Учество на конференцијата е-society.mk 2010
Изглед
Слободан Јаќоски, потпретседател на Викимедија Македонија, учествуваше на тркалезната маса која се одржа во рамките на шестата по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема е-Влада за зголемена ефикасност и транспарентност. Настанот се одржа во хотелот Холидеј Ин во Скопје на 1 декември 2010 година, во организација на Фондацијата Метаморфозис.
На тркалезната маса на тема Мултисекторска соработка како клуч за успешно спроведување на е-влада, се постави прашањето за нејасниот статус на авторските права на податоците објавени на веб-страните на јавниот сектор.