2011.03.25. Викимедија Конференција во Берлин

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Од 25 до 27 март 2011 година во Берлин ќе се одржи средба на Викимедија локалните ограноци, како дел од Викимедија Конференцијата во 2011 година. На средбата ќе учествуваат претставници од сите локални ограноци на Викимедија, претставници од Викимедија Фондацијата и членови на Комитетот за локални ограноци.

Организатор на настанот е Викимедија Германија.

Викимедија Македонија ќе учествува со свои претставници на конференцијата. Минатата година поради проблемите предизвикани од вулканската пепел врз авиосообраќајот во Европа, делегацијата од Македонија и покрај плановите за учество на оваа конференција не беше во можност да учествува.

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

  • meta.wikimedia.org Вики страница на meta.wikimedia.org каде може да се добијат повеќе информации за настанот.
  • de.amiando.com Страница за регистрација на учесниците на конференцијата.

архива на вести ...