2011.04.01. Обука во Дебар за користење на медија вики софтверот

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На 1 април 2011 година (петок), во просториите на „Центарот за поддршка на невладини организации“ во Дебар, Кирил Симеоновски ќе одржи предавање за користење на медија вики софтверот за создавање на локални содржини на вики сајтот wiki.mk пред слушатели од Дебар и околината. Предавањето се спроведува во рамките на проектот за соработка на „Викимедија Македонија“ и Фондацијата „Метаморфозис“.

Предавањата ќе се одржат по следниов распоред:

10:00 часот. Подготовка и вовед
10:30 часот. Вики софтвер и вовед во неговата употреба
11:30 часот. Пауза
11:45 часот. Средување на текст, создавање на врски и додавање на наводи
13:00 часот. Пауза за ручек
13:45 часот. Слики и мултимедија
14:45 часот. Пауза
15:00 часот. Табели и категории
16:00 часот. Пауза
16:15 часот. Страница за разговор
16:45 часот. Пауза
17:00 часот. Дискусија

За време на обуката ќе биде уредувана статија со напишан текст. Секое предавање вклучува вежби и поставување на прашања од страна на присутните.

Во рамките на овој проект пробна обука се одржа на 21 март, со почеток во 17 часот, во просториите на Фондацијата Метаморофозис. На пробната обука присуствуваа претставници од Викимедија Македонија и Фондацијата Метаморфозис. Пробната обуката ја одржи Ивица Дукоски, а продолжи Кирил Симеоновски.

Надворешни врски[уреди]

  • wiki.mk Вики страница на проектот wiki.mk
  • metamorphosis.org.mk 2011.04.05, Одржана oбука за користење на Wiki.mk

архива на вести ...