2011.04.16. Обука во Скопје за користење на медија вики софтверот

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На 16 април 2011 година (сабота), Кирил Симеоновски ќе одржи предавање за користење на медија вики софтверот за создавање на локални содржини на вики сајтот wiki.mk пред слушатели од Велес и околината.

Предавањата ќе се одржат по следниов распоред:

10:00 часот. Подготовка и вовед
10:30 часот. Вики софтвер и вовед во неговата употреба
11:30 часот. Пауза
11:45 часот. Средување на текст, создавање на врски и додавање на наводи
13:00 часот. Пауза за ручек
13:45 часот. Слики и мултимедија
14:45 часот. Пауза
15:00 часот. Табели и категории
16:00 часот. Пауза
16:15 часот. Страница за разговор
16:45 часот. Пауза
17:00 часот. Дискусија

За време на обуката ќе биде уредувана статија со напишан текст. Секое предавање вклучува вежби и поставување на прашања од страна на присутните.

Во рамките на овој проект, на 21 март беше одржана пробна обука во Скопје, на 1 април обука во Дебар, а на 8 април во Велес.

Надворешни врски[уреди]

  • wiki.mk Вики страница на проектот wiki.mk

архива на вести ...