2011.09.06. Ден за придонес на Википедија во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и во Скопје

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На 6 септември 2011 (вторник), од 10.00 до 18.00 часот, сите заинтересирани лица кои сакаат да дадат свој придонес со создавање на нови статии и подобрување на содржината на Википедија на македонски јазик и на Википедија на албански јазик, може да дојдат во Универзитетскиот кампус во Тетово (библиотека „Макс ван дер Штул“) и во Центарот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје (спроти амбасадата на Италија).

Заинтересираните ќе имаат поддршка од кадарот на Универзитетот, ќе имаат на располагање разни книги и материјали и можности за консултации и помош од еминентни професори на Универзитетот, кои исто така ќе помогнат и ќе ја контролираат содржината на текстовите.

Сите учесници кои ќе дадат свој придонес, ќе добијат сертификат и подарок од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Надворешни врски[уреди]


архива на вести ...