2012.01.24. Партнерство помеѓу Orange и Фондацијата Викимедија

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Orange и Викимедија Фондацијата овозможија бесплатна достапност на Википедија преку мобилен во Африка и Средниот Исток. Ова е прва соработка од овој тип, преку која Orange и Викимедија Фондацијата ќе овозможат на повеќе од 70 милиони корисници на Orange во Африка и Средниот исток бесплатен пристап на Википедија преку мобилен.

Во 2009 година, Orange и ВМФ се договорија да ја прошират достапноста на Викимедија проектите преку мобилната мрежа на Orange. За првпат резултатите од ова партнерство се промовираа на почетокот од оваа година во дваесет земји од Африка и Средниот Исток каде што оперира Orange. Иницијативата е дел од стратегија на ВМФ која има за цел да досегне до милијарди луѓе кои пристапуваат на Интернет преку мобилни уреди.

Секој корисник на Orange, со SIM картичка и уред со можност за мобилен интернет ќе може да пристапи на Википедија преку својот веб прелистувач и ќе може да пристапи до Википедија онолку пати колку што сака без да се тарифира неговата сметка кон Orange се додака ја користи стриктно Википедија.


Викимедија Фондацијата (http://wikimediafoundation.org) е непрофитна организација која се грижи за слободната енциклобедија - Википедија. Според comScore Media Metrix, Википедија заедно со другите проекти на Викимедија Фондацијата има повеќе од 470 милиони посетители месечно, што ја прави пета најпопуларна цеб страна на светско ниво. Википедија е достапна на повеќе од 280 јазици, содржи преку 20 милиони статии, уредувани од повеќе од 100.000 доброволци ширум светот .

Надворешни врски[уреди]


архива на вести ...