2012.03.14. Обука за студентите по историја

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За студентите по историја од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе се одржи обука за основите на Википедија, начинот на којшто е организирана работата на проектот и основите на уредувањето и употребата на Вики софтверот.

Предавањето ќе се одржи на 14 март 2012, со почеток во 14:30 часот, во простории во рамките на Травел Тренинг Центарот во Скопје и е во организација на Викимедија Македонија и факултетот по историја.


Предавањето се одржа во просториите на Травел Тренинг Центарот во Скопје, со почеток во 14:30, во присуство на 8 студенти по историја од различни студиски години и последипломци. Во улога на предавачи беа Василка Димитровска и Кирил Симеоновски.

Предавањето започна со општо излагање во врска со Вики софтверот, проектите на Викимедија како најпознати примери за неговата примери, а од нив особено Википедија. Понатаму се зборуваше за слободата на содржините на Википедија и начинот на којшто се одвива работата на проектот, се продолжи со основите на уредувањето, односно обработката на текстот, додавањето на наслови, создавање на врски и вметнување на наводи. Веднаш потоа, следуваше и покажување на неколку статии како пример за тоа како е уредена нивната содржина, со цел поефикасно да се долови начинот на којшто се уредува.

Вториот дел од предавањето се состоеше од практичен дел.

После предавањето беше одлучено да се заживее ВикиПроектот Историја[1] и во негови рамки да се создадат списоци на статии, поделени по различни историски периоди, кои студентите се заинтересирани да ги уредуваат. Исто така, постои интерес и за проширување и подобрување на содржините на некои постоечки статии.

Констатирано беше дека има интерес и од друга група студенти по историја, за коишто наскоро би можело да се одржи уште една ваква обука.


  1. ВикиПроект Историја на Википедија на македонски јазик

архива на вести ...