2012.03.21. Предавање на SEEU

Од Викимедија Македонија
Прејди на: содржини, барај
Wikipedia Education Program logo.png
SEEU logo.png
Wikimedia Macedonia logo mk.svg
Wikimania Logo

Пред студентите на SEEU[1], ќе се одржи предавање за Википедија и Проектот „Македонија на Википедија“.

Предавањето ќе се одржи во просториите на Универзитетот во Скопје пред студентите и други заинтересирани. Од страна на Димче Грозданоски, претседателот на Викимедија Македонија и раководител на работната група за изработка на акциониот план за проектот „Македонија на Википедија“, ќе бидат презентирани проектите на Викимедија Фондацијата со нагласок на проектот Википедија, накратко ќе биде објаснет начинот на уредување на википедија со практични вежби за уредување, ќе биде претставен проектот „Македонија на Википедија и ќе биде претставена организацијата „Викимедија Македонија“.

Настанот ќе се одржи на 21 март 2012, со почеток во 16:00 часот.

Настанот е во организација на Викимедија Македонија и доцент Беким Фетаји од факултетот за Современи науки и технологии.

Wrap up

  • Презентацијата е прифатена од страна на студентите.
  • Наскоро ќе се започне со нов ВикиПроект во кој ќе бидат вклучени студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа. Вики проектот ќе претставува мултијазичен интервики проект, кој ќе се одвива на неколку јазични изданија на Википедија меѓу кои на Википедија на македонски јазик, Википедија на албански јазик и Википедија на турски јазик. Планирано е во проектот свој придонес да дадат студентите на Универзитетот предводени од двајца проект менаџери од редот на наставниот кадар на факултетот.
  • Во текот на месец април, Универзитетот на Југоисточна Европа ќе организира отворени вики денови во Тетово и Скопје, на кои студентите и граѓаните ќе можат да дадат придонес во подобрување на содржините на Википедија. Викимедија Македонија ќе помогне во организацијата на овие настани.

Презентации

Во продолжение следат три pdf документи од презентацијата одржана на Универзитетот на Југоисточна Европа во нивните простории во Скопје.

Некои основни информации и статистики за Википедија
Основни напатствија за уредување на Википедија
Проект „Македонија на Википедија“

Фотографии од предавањето

Референци

  1. Официјална веб страна на SEEU

архива на вести ...