2012.07.10 Хаклаб КИКА, секој вторник од 19.30 часот

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

2012.07.10. Хаклаб КИКА, секој вторник од 19.30 часот

Благодарение на пријателите од Слободен Софтвер Македонија, Викимедија Македонија како и вики заедницата во Македонија има можност да ги користи просториите на Хаклабот КИКА за свои активности. Договорено е секој вторник од 19.30 па натаму, до кога ќе има потреба, слободно да се користат просториите и опремата на Хаклабот, се разбира со строго почитување на веќе воспоставениот куќен ред. Сите википедијанци имаат можност да дојдат во тој термин и да се дружат меѓу себе, а по малку нешто и да работат. КИКА располага со интернет конекција, со неколку компјутери, кои може да се користат за работа, а секој кој има лаптоп може слободно да си го понесе со себе и таму да работи.

КИКА значи: Кика е Информации, Култура, Автономија.

Во сабота, на 17 октомври, 2009 година отворен е првиот хаклаб во Скопје. Хаклабот КИКА е реализација на долгогодишната идеја за еден јавен простор – т.н. технолошка автономна зона - кој ќе се занимава со технологијата и нејзиниот пресек со културата, новите медиуми и општеството. За почеток, главните настани во рамките на КИКА ќе бидат веќе традиционалните „Сподели Знаење“ и „Сподели Кино“, а најверојатно тука ќе се случуваат уште и Ruby.mk meetup средбите, „Убунту прва-помош“, „Роботика“ итн. КИКА е јавен простор, располага со проектор, интернет, маси и столчиња за 30-тина луѓе.[1]

КИКА се наоѓа на ул. „Васил Стефановски“ бр. 8/1, Скопје.

Се покануваат сите заинтересирани википедијанци да го користат Хаклабот.


24 јули 2012[уреди]

Состанокот започна во 19.30 часот, заврши во 21.00 часот.

Присутни[уреди]

Димче Грозданоски
Слободан Јаќоски
Кирил Симоновски

Дневен ред[уреди]

  1. Микросам академија - Прилеп, Извештај од предавањето. Контакт со Микросам, за две обуки, една уредувачка и една за бот, во текот на месец август 2012 година.
  2. Блог пост за официјалниот блог на WMF, http://blog.wikimedia.org/, во врска со проектите на Викимедија Македонија.
  3. Обука на волонтерка во Метаморфозис. Договорено е да се одржува обуката во терминот кога ќе се користи Хаклаб КИКА. Слободан ќе контактира со Метаморфозис.
  4. Исплата на ангажираните во проектот wiki.mk. Потребно е да се подготват Извештаите и Слободан да ги достави до ИО на ВММК. Оставено е оваа работа да се заврши на некоја од наредните вики средба/состаноци.

Референци[уреди]

  1. 2009.10.17 Официјално отвoрање на првиот хаклаб во Скопје: КИКА. metamorphosis.org.mk

архива на вести ...