2012.07.12 Хаклаб КИКА, python, pywikipedia, бот

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

2012.07.12. Хаклаб КИКА, python, pywikipedia, бот, четврток, од 20.00 часот.

На Википедија и се потребни програмери кои би помогнале околу реализирање на барања за бот услуги. Во соработка со Слободен Софтвер Македонија, договорена е средба на која ќе се разговара за можна соработка околу пишување на различни програмчиња кои би работеле како ботови, би генерирале различни статии на македонската верзија на Википедија врз база на дадени шаблони и податоци, би правеле лексичка анализа на статиите, како и статистика и обработка на природни јазици.[1]

Документацијата за работа Python ботот за Wikipedia можете да се најде на mediawiki.org

Во четврток, 12 јули 2012 година со почеток во 20.00 часот, дојдете во КИКА да се дружиме, да им објасниме на програмерите што сакаме и да направиме некои работи од взаемна корист.

КИКА се наоѓа на ул. „Васил Стефановски“ бр. 8/1, Скопје.

Референци[уреди]

  1. spodeli.org

архива на вести ...