2012.12.05. Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје
На Филозофскиот факултет[1] при УКИМ, Викимедија Македонија ќе одржи презентација на проектите на Викимедија, со нагласок на on-line енциклопедијата Википедија.
Презентацијата ќе се одржи во просториите на факултетот во Скопје пред наставниот кадар, студентите и други заинтересирани, ќе бидат презентирани проектите на Викимедија Фондацијата со нагласок на проектот Википедија, накратко ќе биде објаснет начинот на уредување на википедија со практични вежби за уредување, ќе биде претставен проектот „Македонија на Википедија“ и организацијата „Викимедија Македонија“.
Настанот ќе се одржи на 5 декември 2012, со почеток во 10:00 часот.
Настанот е во организација на Филозофскиот факултет.
Опис на настанот
[уреди]На презентацијата присуствуваа, министерот на Министерството за информатичко општество и администрација г-дин м-р Иво Ивановски, деканот на ФИНКИ Проф. д-р Димитар Трајанов, претставници од наставниот кадар на Филозофскиот факултет, претставници од Државниот архив на Република Македонија[2] на чело со директорот Проф. д-р Зоран Тодоровски, претставници од наставниот кадар на Универзитетот Гоце Делчев од Штип, претставници од НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје[3], претставници од Музејот на македонската борба[4] и други.
Презентацијата беше поделена на неколку дела:
- Вовед
- Претставување на „Википедија“
- Вики технологија
- Викимедија движење
- Викимедија Македонија
- Претставување на проектот „Македонија на Википедија“
- Работилница: Креирање на корисничка сметка, започнување на нова статија, основи на уредување на википедија, со практични примери за подигнување на слики на заедничката ризница.
Презентации
[уреди]Во продолжение следат pdf документи од презентацијата одржана на Филозофскиот факултет од Скопје.
Референци
[уреди]- ↑ Официјална веб страна на Филозофскиот факултет при УКИМ
- ↑ Официјална веб страна на Државниот архив на Република Македонија
- ↑ Официјална веб страна на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје
- ↑ Официјална веб страна на Музејот на македонската борба