2013.02.28 Презентација за Википедија и останатите проекти на Викимедија со обука за уредување

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

На 28 февруари 2013 година, со почеток во 14 часот, на Економскиот факултет во Скопје се одржа предавање со обука пред студенти коишто го слушаат предметот Монетарна економија. Предавањето го одржаа Кирил Симеоновски и Тони Ристовски, а истото е дел од проект којшто професорот Горан Петревски е заинтересиран да го спроведе во рамките на соодветниот предмет преку давање на задолженија на студентите да уредуваат содржини на Википедија на македонски јазик во врска со наставните содржини коишто се изучуваат по самиот предмет. На предавањето присуствуваа околу 50 студенти.

Најпрво, професорот имаше почетно излагање за тоа како дошло до идејата за самиот проект и на кој начин планира истиот да биде спроведен. Откако тој заврши, Кирил имаше презентација со општа содржина за Википедија и за останатите проекти на Викимедија, а подоцна Тони се произнесе со предавање за начинот на уредување и притоа уреди и статија како пример пред присутните студенти. Следните чекори во рамките на проектот се очекува да бидат создавање на список со статии поврзани со предметната материја и активно вклучување на студентите во уредувањето.

Следниот


архива на вести ...