Open Wiki GLAM of Serbia 2012 (извештај)

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Open Wiki GLAM of Serbia 2012 беше конференција за ГЛАМ, која се одржа на 24 февруари 2012 година во Белград. Содржината на програмата беше наменета за пошироката јавност и имаше за цел да понуди повеќе информации во врска со секторот ГЛАМ и неговите институции, нчанзјаајните проекти кои се спроведуваат во тие рамки, како и улогата на Викимедија и придобивките кои може да се стекнат преку соработката со овие институции. На конференцијата, Викимедија Македонија беше претставена од Кирил Симеоновски.

24 февруари[уреди]

Во Белград пристигнав на 24 февруари наутро, каде што бев пречекан на автобуската станица од страна на Милан, кој ме одведе до хостелот каде што веќе беа сместени и останатите гости. Хостелот беше сместен во центарот на градот и во непосредна близина на зградата на Домот на младината, каде што требаше да се одржи конференцијата. Немаше време да поразговарам повеќе со познаниците, бидејќи настанот требаше да започне во 11:00, па само успеав со нив да се видам и да се запознаам со останатите присутни.

Промотивни материјали

Конференцијата започна во предвидениот термин со прикажување на документарен филм за распространувањето и развојот во употребата на освремените информатички технологии од страна на ученичкото население во подрачјата во Перу, кои се оддалечени од оповтсетото со понапредна цивилизација. По него, говор одржа организаторот на тасаннот, Миле Киш од Викимедија Србија, кој направи хронолошки преглед во развојот на средствата на комуницирање од античките времиња до денес и зборуваше повеќе за улогата на проектите на Викимедија и нивниот придонес во спроведувањето на таквата комуникација денес. Тој, исто така, накратко го опиша секој од овие проекти и степенот на достигнатиот развој на секој од нив, при што посебно внимание обрна на Википедија, Викиречник и Викивести. Интересен факт е што Викивести на српски јазик е најбогатото јазично издание со над 80.000 вести, што се должи на соработка со новинската агенција Бета, која им овозможила слободна употреба на вестите објавени од нејзина страна.

Второто предавање беше излагање на Невенка Антиќ, претставник на Криејтив комонс Србија, која зборуваше повеќе за слободните лиценци и нивното значење во заштитата на интелектуалната сопственост на Интернет. Се зборуваше и за преведувањето на новопојавените лиценци и нивното усвојување и примена од страна на ограноците на Викимедија и останатите организации. Понатаму, следуваше по некој збор повеќе и за дигиталните права кои произлегуваат од заштитата на содржините со лиценците за слободната документација.

Атмосферата за време на конференцијата

Последниот дел пред паузата за ручек беше посветена на предавањето на Зоран Стефановиќ, директор на проектот „Растко“. Всушност, станува збор за проект кој има за цел да прикаже документи од историско и културно значење во дигитален облик. Директорот спомена за соработката која ја имале со некои институции во Србија и дел од делата кои ги имаат добиено и дигитализирано. Исто така, тој спомена дека проектот има добиено и меѓународен карактер, односно дека веќе е достапен целосно или делумно и на некои други јазици, додека во фаза на изработка е и на неколку други јазици. Делумно, проектот е достапен и на македонски јазик, а моментно се работи на превод и на некои други нагодувања.

Следуваше паузата за ручек, а веднаш потоа и втората половина од програмата. Најпрво, свое излагање имаше Викимедијанецот Никола Смоленски, кој се обрати со предавање за проектот Викиизвор и начинот на којшто истиот се користи и збогатува со содржини.

Потоа, следуваше обраќањето на Миле Киш во врска со QR кодовите и начинот на нивната употреба, како и појавата на QRpedia. Станува збор за квадратни црно-бели кодови наменети за мобилните телефони, коишто за првпат се имаат појавено во Јапонија. Со вчитувањето на QR кодот со помош на мобилен телефон кој користи Интернет се овозможува брз пристап до мрежна страница, складирана во самиот QR код, на јазикот којшто го подржува мобилниот уред. Примената на ваквите кодови е од исклучително големо значење за многу културни институции, бидејќи овозможува заштеда на простор на вообичаените табли за прикажување на релевантните информации во врска со изложените предмети и знаменитости, како и зголемена посетеност на нејзините мрежни страници со овие содржини. Врз основа на тоа, QRpedia претставува систем на употреба на QR кодови, коишто пренасочуваат кон статии на Википедија или на другите проекти на Викимедија.

Обраќање на Равал Нупур

Веднаш по ова предавање, краток говор имаше претставник од музеј во Србија, со којшто Викимедија Србија има остварено соработка. Тој се посвети на карактерот на нивната меѓусебна соработка и содржините кои биле уредени како резултат на тоа.

Последниот дел беше посветен на предавањата на гостите од земјите со успешни искуства во спроведувањето на проекти во врска со ГЛАМ. Прва започна Кристина Периљо од Италија, кој зборуваше за проектот Wiki Africa и стремежите да се овозможи проширување на Вики-културата и во африканските земји, каде што има услови за воспоставување на долгорочна соработка со образовните и културните институции. Следуваше излагањето на Нупур Равал од Викимедија Индија, чијашто презентација се однесуваше на соработката со ГЛАМ институциите во Индија и развојот на проектите на Викимедија на тамошните јазици. Најисцрпно се претстави претставничката на Викимедија Франција, Адриен Аликс, која даде целосен осврт на сите активности кои ги имал нивниот локален огранок во врска со ГЛАМ. Меѓу другото, таа спомена за успешната соработка со дворецот Версај и учеството на Викимедијанците во обработката на достапните содржани. Последен од гостите се обрати Јан Лужек од Викимедија Чешка, кој на задоволство на публиката зборуваше на српски јазик. Во своето излагање, тој најмногу зборуваше за спроведувањето на проектот Wiki Loves Monuments во Чешка и сите предности и недостатоци врзани за него. Имено, голем проблем со кој се соочиле биле времето и патните трошоци потребни да се стигне до целното место, кое поради малиот број на знаменитости не ги задоволило нивните очекувања и поради тоа се сконцентрирале на Прага и околината на градот. Јан спомена и за соработката која ја имаат со различните видови на музеи, а во својата презентација прикажа и дел од добиените слики, плод на таквата соработка.

Настанот заврши кратко по 15 часот, со обраќање на организаторот, кој им се заблагодари на присутните за издвоеното време за овој настан.

По завршувањето на конференцијата се вративме во хостелот, каде што се одморивме во пресрет на најавуваниот прв настан во рамките на проектот „Free Beer for Free Knowledge“, кој се одржа во просториите на Културниот центар Рекс. Настанот беше од отворен тип, при што се нудеа бесплатни пијалоци и промотивни материјали во врска со Википедија. Програмата се состоеше од истиот документарен филм кој беше прикажан на дневната конференција, претставување на Википедија и основната идеја за нејзиното постоење, претставување на Викимедија Србија и нејзината улога во веска со Википедија, а на крајот од настанот присутните беа повикани да се вклучат во протестот против потпишувањето на законот за спречувањеACTA, закажан за 25 февруари со почеток во 14:00.

25 февруари[уреди]

Групна фотографија на присутните за време на интерниот состанок

Откако се разбудивме и доручкувавме, се упативме кон просториите на Eu Net, каде што, благодарение на Никола Смоленски, се одржа претходно закажаниот интерен состанок. Состанокот започна нешто по 11 часот, со присутни на локалните Викимедијанци и останатите гости, а послужи за собирање на впечатовите од конференцијата одржана минатиот ден, како и за оставање на забелешки за она што би можело да се подобри при организирањето на слични настани во иднина. Завршивме околу 13:30, по што се упативме кон Плоштадот на Републиката, каде што се подготвуваа протестите против спорниот закон ACTA. На протестите присуствуваа неколку стотина луѓе, а истите беа активно подржани со присуството на претставниците на Викимедија од повеќе земји.

По протестите, седнавме на групен ручек, а потоа се вративме хостелот за да одмориме. Вечерта, повторно отидовме во просториите на Културниот центар Рекс, каде што овој пат се рецитираа стихови од српски поети. Таму останавме кратко и набргу решивме да отидеме на вечера, а кога се вративме во хостелот веќе беше подоцна од 23 часот. Сепак, Милош Ранчиќ и Адиен Аликс начнаа интересна тема во врска со Викимедија Каталонија и нивните напори за создавање на локален огранок и поширока заедница, па се заинтересирав и им се придружив на кафе. За време на враќањето во хостелот, Милош ми потврди дека во април и мај ќе се организираат посетите на Грција и Бугарија, каде што се очекува присуството и на претставници од Викимедија Македонија.

26 февруари[уреди]

Последниот ден од престојот во Белград го поминав во кратка прошетка со останатите, по што си заминав и во Скопје пристигнав околу 22:30.