Книга на членови
Ред. бр. | Име и презиме | Датум на зачленување |
Забелешка |
1. | Димче Грозданоски | 12 јули 2009 | Член на иницијативниот одбор, основач, администратор на Википедија на македонски јазик |
2. | Милош Столиќ | 12 јули 2009 | Член на иницијативниот одбор, основач, администратор и бирократ на Википедија на македонски јазик |
3. | Слободан Јаќоски | 12 јули 2009 | Член на иницијативниот одбор, основач, администратор и бирократ на Википедија на македонски јазик |
4. | Ивица Дукоски | 12 јули 2009 | Член на иницијативниот одбор, основач, администратор на Википедија на македонски јазик |
5. | Бојан Манчев | 12 јули 2009 | Член на иницијативниот одбор, основач, администратор и бирократ на Википедија на македонски јазик |
6. | Кирил Симеоновски | 12 јули 2009 | Член на иницијативниот одбор, основач, администратор на Википедија на македонски јазик |
7. | Игор Кузмановски | 12 јули 2009 | Член на иницијативниот одбор, основач, администратор на Википедија на македонски јазик |
8. | Василка Димитровска | 12 јули 2009 | Член на иницијативниот одбор, основач |
9. | Снежана Штрковска | 20 октомври 2010 | Член на иницијативниот одбор, администратор на Википедија на македонски јазик |
10. | Зоран Мечкарски | 20 октомври 2010 | администратор на Википедија на македонски јазик |
11. | Бојан Јанкулоски | 20 октомври 2010 | администратор на Википедија на македонски јазик |
12. | Аце Миноски | 8 јануари 2013 | |
13. | Цветанка Ристова | 8 јануари 2013 | |
14. | Тони Ристовски | 26 јануари 2013 | |
15. | Игор Саздовски | 27 август 2013 |
Книга на поранешни членови
Ред. бр. | Име и презиме | Датум на зачленување |
Датум на отчленување |
Забелешка |
1. | Игор Димов | 8 јануари 2013 | 5 јуни 2013 |
Основачкото собрание на Викимедија Македонија е одржано на 14 март 2009 година.[1]
Членството во Здружението е на доброволна основа. (Чл. 10 од Статутот)
Член на Здружението може да биде секое физичко и правно лице кое ги прифаќа целите на Здружението и Статутот на Здружението, во согласност со Законот. (Чл. 11 од Статутот)
Членовите можат да бидат редовни, соработници и почесни членови. Секое физичко лице кое сака да работи активно на проектите на Здружението може да стане редовен член. Секое физичко и правно лице кое не сака да работи активно, но сака да ги промовира и поддржува активностите на Здружението може да стане член - соработник. Со одлука на Собранието на Здружението може да се изберат и почесни членови. (Чл. 12 од Статутот)
Својство на Член на Здружението се стекнува со потпишување на пристапница која ја заверува Извршниот одбор. (Чл. 13 од Статутот)
Сите членови на Зружението се рамноправни и можат да бираат органи на Здружението, како и да бидат бирани во органите на Здружението, во склад со Законот. (Чл. 14 од Статутот)
Редовните членови имаат обврска активно да учествуваат во работата на Здружението. (Чл. 15 од Статутот)
Сите членови имаат обврска да ја помагаат работата на Здружението и на други начини: во јавноста и по пат на плаќање на членарина чија висина и начин на плаќање ја одредува Собранието на Здружението. (Чл. 16 од Статутот)
Сите членови имаат право: (Чл. 17 од Статутот)
- Рамноправно со другите членови да учествуваат во остварувањето на целите на Здружението;
- Непосредно да учествуваат во одлучувањето на Собранието преку органите на Здружението;
- Да бидат благовремено и целосно информирани за работата и активностите на Здружението.
Сите членови се обврзани да се придржуваат до Статутот и другите акти на Здружението. (Чл. 18 од Статутот)
Членството во Здружението престанува во следниве случаи:
- На лично барање на членот на Здружението;
- Со одлука на Извршниот одбор;
- Во други случаи предвидени со Законот.