Прејди на содржината

Национална политика за слободен софтвер

Од Викимедија Македонија

Димче Грозданоски, претседател на Викимедија Македонија, администратор на Википедија на македонски јазик и Василка Димитровска, уредувач на Википедија, археолог, земаа учество на првата работна средба за Националната политика за слободен софтвер, која се одржа во Скопје.

Проектот е имплементиран од страна на Слободен софтвер Македонија, поддржан од Фондација Метаморфозис и ФИООМ, во соработка со Министерството за информатичко општество.

Димче Грозданоски од Викимедија Македонија зборуваше за потребата од слободен софтвер, но искажа мислење и дека некој софтвер можеби ќе мора да остане и неслободен. Покрај транспарентноста тој смета дека слободниот софтвер помага и во учењето и во зголемувањето на знаењето. Но исто така зборуваше и за тоа дека има повеќе создавачи на слободен софтвер: поединци, компании, образовни институции итн. и сите тие имаат различни мотиви за пишување на овој софтвер. Тој посебно ја истакна потребата од поттикнување на развојот на слободен софтвер во рамките на образованието.

Василка Димитровска археолог, од Викимедија Македонија, зборуваше за практичните проблеми со кои се соочуваат археолозите како фела работејќи во важен сегмент од јавните активности во Македонија, за нивната генерална незапознаеност со технологија и употребата на разни нестандарни методи за евиденција на артефактите.

Надворешни врски

[уреди]
  • npss.slobodensoftver.org.mk, Забелешки од првата работна средба за националната политка за слободен софтвер
  • npss.slobodensoftver.org.mk, Национална политика за слободен софтвер, нацрт текст

архива на вести ...