Викимедија Македонија

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Локални ограноци

Викимедија Македонија е локален огранок на Фондацијата Викимедија за Република Македонија. Здружението „Викимедија Македонија“ официјално беше признато како локален огранок на Фондацијата на 21 септември 2009 година, со одобрение од страна на Одборот на доверители на Викимедија Фондацијата.[1] Викимедија Македонија е регистрирана како правно лице во Централниот регистар на Република Македонија на 1 февруари 2010 година. На 10 септември 2012 година потпишана е Спогодба со Фондацијата Викимедија, со која се авторизира Викимедија Македонија за покривање на територијата на Македонија за сите операции, т.е. Фондацијата нема да креира или авторизира создавање на други локални ограноци во Македонија и нема да ангажира други организации без консултација со Викимедија Македонија.

Организациона структура[уреди]

Претседател на здружението: Димче Грозданоски

Потпретседатели на здружението: Слободан Јаќоски, Кирил Симеоновски, Ивица Дуковки, Милош Столиќ, Бојан Манчев

Извршен одбор: Димче Грозданоски, Кирил Симеоновски, Слободан Јаќоски

Надзорен одбор: Василка Димитровска, претседател на надзорен одбор, Милош Столиќ, Бојан Манчев

Контакти[уреди]

Е-поштенски листи:

  • wikimk-l[at]lists.wikimedia.org, е-поштенска листа за комуникација на уредувачите на Википедија на македонски јазик.
  • wikimedia-mk[at]lists.wikimedia.org, е-поштенска листа за интерна комуникација на членовите на здружението Викимедија Македонија
  • vikipedija[at]lists.softver.org.mk, општа е-поштенска листа за комуникација со администраторите и уредувачите на Википедија на македонски јазик

Прес:

Членство[уреди]

Членството во Здружението е на доброволна основа. Член може да биде секое физичко и правно лице кое ги прифаќа целите и Статутот на Здружението. Членовите можат да бидат редовни, соработници и почесни членови. Својство на Член се стекнува со потпишување на пристапница која ја заверува Извршниот одбор. Сите членови се рамноправни и можат да бираат органи на Здружението, како и да бидат бирани во органите на Здружението, во склад со Законот. Членството престанува на лично барање на членот, со одлука на Извршниот одбор, во други случаи предвидени со Законот.

Донации[уреди]

  • ЕМБС: 6555829, Викимедија Македонија Скопје, Даночен број: 4032010504914
  • Денарска сметка, конто бр. 380776896800127 МКД
  • Девизна сметка, конто бр. 380176896805298 EUR

Донации, од странство[уреди]

  • Name of Beneficiary: VIKIMEDIJA MAKEDONIJA SKOPJE
  • Beneficiary address: UL. VLADIMIR KOMAROV 1A/4-42
  • IBAN: /MK07380176896805298
  • Bank of beneficiary: PROCREDIT BANK, MACEDONIA
  • SWIFT: PRBUMK22XXX

Референци[уреди]

  1. Resolution:Approval_of_Wikimedia_Macedonia wikimediafoundation.org