2012.01.15. Вики средба, Менада, Стара Чаршија

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Атмосфера од прославата по повод десет годишнината од Википедија.

По повод 11. роденден на Википедија, на 15 јануари, ќе се одржи вики средба во кафулето Менада во Старата скопска чаршија. Поканети се сите пријатели на Википедија на средбата на која ќе имаат можност да се сретнат со некои од најактивните уредувачи на македонската википедија, со претставниците на Викимедија Македонија и да се запознаат одблиску со основните принципи на вики движењето преку разговор со доброволците кои го промовираат во Република Македонија.

Основната цел на средбата е дружење и забава на корисниците на Википедија и преточување на соработката на проектот во пријателство во вистинскиот живот.

Средбата е закажано да започне во 16.00 часот.

Повеќе информации за средбата, за тоа кој ќе присуствува и предвидената програма може да најдете на вики страницата за закажување на средби на македонската википедија.


архива на вести ...