Прејди на содржината

2013.02.15. Викимедија Македонија на Филозофски факултет - Скопје

Од Викимедија Македонија

На Филозофскиот факултет[1] при УКИМ, Викимедија Македонија ќе спроведе обука со практична работа на Википедија и останатите проекти на Викимедија.

Обуката со практичната работа ќе се одржи во просториите на факултетот во Скопје пред наставниот кадар. Ќе биде објаснет начинот на создавање на нова статија, уредување на постоечки статии, подигнување на слики, референци, надворешни врски, категории, создавање на вики-портали, пишување на биографски статии. Ќе бидат објаснети петте базични принципи на Википедија.

Настанот е во организација на Филозофскиот факултет и ќе се одржи на 15 февруари 2013, со почеток во 12:30 часот.

Агенда

[уреди]
  1. Најавување на википедија. SUL сметки.
  2. Основи на вики јазикот за означување (wiki markup language)
  3. Како да почнам нова статија
  4. Како да уредам постоечка статија
  5. Преведување на статија
  6. Категории
  7. Подигање на слики
  8. Биографии на живи личности
  9. Вики извор/wikisource, како се прави транскрипција. Пример со периодиката „Илинденски пат“
  10. Вики-портали. Примери на портали:
    1. Македонија,
    2. Историја,
    3. Философија,
    4. Археологија,
    5. Психологија,
    6. Право
  11. Вики-проекти, координација на работата на уредувачите на одредена тема. Примери на вики-проекти:

Презентер

[уреди]
  • Димче Грозданоски, вработен во Министерството за образование и наука, претседател на Викимедија Македонија, активен уредувач на Викимедија проектите меѓу кои и Википедија на македонски јазик, администратор на Википедија на македонски јазик.
  • wikipedia username: brest
  • email: dimce.grozdanoski@gmail.com
  • twitter: @grozdanoski

etherpad & twitter wall

[уреди]

Присутни

[уреди]

Претставници од Филозофскиот и Филолошкиот факултет.

Референци

[уреди]
  1. Официјална веб страна на Филозофскиот факултет при УКИМ

архива на вести ...