Прејди на содржината

Викимедија Конференција 2012 (извештај)

Од Викимедија Македонија

Конференцијата се одржа во перидот од 30 март до 1 април 2012 година во Берлин. На конференцијата присуствуваа претставници од постоечките локални ограноци, од Фондацијата, и локалните ограноци во фаза на формирање, како и активни корисници на проектите на Викимедија. За Викимедија Македонија ова е второ учество на оваа конференција, а како нејзини претставници присуствуваа Димче Грозданоски и Слободан Јаќоски.

29 март

[уреди]
Малското куче кое не испрати за Берлин, рано сабајлето, кај ЖТЦ Скопје
Аеродром „Александар Велики“ Скопје, рано на сабајле, пред чекирање на багажот
Аеродром „Плесо“ Загреб, чекаме лет за Цирих
Минибусот кој сообраќа на релација Скопје - Аеродром „Александар Велики“

Поради постојните сообраќајни врски со Скопје - Берлин, т.е. непостоење на директен авионски лет од Скопје за Берлин, потребно беше користење на три последователни лета за да се стигне до Берлин. Од Скопје се тргна некаде околу 4 часот на сабајле, од кај транспортниот центар со малиот автобус на „Вардар Експрес“. Ова е првата погодност од воведувањето на оваа автобуска линија за превоз на патници до аеродромот Александар Велики. За цена од само 100 денари и не така удобно и брзо возење се стигнува до аеродромот. Имавме среќа што од прилика распоредот на автобусот горе долу се софпадна со нашиот ред на летање, и на аеродромот пристигнавме само еден час порано отколку што беше потребно. ....

Александар Велики, Скопје - Плесо, Загреб

Лет OU 367 со Croatia Airlines, Полетување од Скопје во 6.10 часот, пристигнување во Загреб во 6.25 часот. Времетраење на летот 1 час и 15 минути. Авион Airbus Industrie A319.

Плесо, Загреб - Аеродром Цирих

Лет LX 4251 со Croatia Airlines OU 0460, Полетување од Загреб во 9.10 часот, пристигнување во Цирих во 10.45 часот. Времетраење на летот 1 час и 35 минути. Авион De Havilland DHC-8 400 Series.

Аеродром Цирих - Тегел, Берлин

Лет OS 274 со Austrian Airlines, Полетување од Цирих во 12.45 часот, пристигнување во Берлин во 14.10 часот. Времетраење на летот 1 час и 25 минути. Авион Airbus Industrie A320-100/200.

Тегел, Берлин - Хостел Бакспакс, Берлин, сместување

Билет се купува на автомат кој може да се најде близу до речиси секоја постојка. Потребно е тикетот да се поништи кога се започнува патувањето, во спротивно казната доколку бидете фатени без тикет изнесува 40 евра, а доколку немате кеш за да ја платите на лице место, контролата ќе ве однесе до најблиската ATM машина или ќе повика полиција. Постојат три комибинирани зони за кои може да купите билет: AB, BC i ABC. Билетот за AB зоната е важечки за речиси било кој дел од градот, важечки е за автобус, трамвај, U-ban, S-ban, регионални возови, регионални трамваи, регионални експресни возови и фериботи.

  • Einzelfahrschein (single tiket), важи за едно патување во еден правец. Може да направите колку што сакате застанувања или преместувања за време од два часа. Важи за AB зоната, по цена од 2.3 евра, а за дева помеѓу 6 о 14 години изнесува 1.4 евра, за деца под 6 години, превозот е бесплатен.
  • Kurzstrecke (Short-Trip Ticket), важи за најповеќе три станици на S-ban и U-ban, и шест станици на трамвај или автобус. Важи за AB зона, регуларна цена 1.4 евра а со попуст 1.5 ева.
  • Anshlussfahrausweis (Extension Ticket), доколку имате потреба од патување надвор од зоните отпечатени на вашиот билет, пример ако сакате да одите до Потсдам но имате билет за зоните А и B, тогаш го докупувате овој билет за зоната C по цена од 1.5 евра.
  • Tageskarte (Day Ticket), може да се користи од 3 наутро во зоната AB, регуларна цена 6.3, со попуст 4.50 евра.
  • 7-Tage-Karte (Week Ticket), важи за 7 последователни дена, до полноќ последниот ден за зона AB, цена 27.20 евра.
  • Monatskarte (Monthly Pass), важи за еден календарски месец или еден месец од датумот на валидација. Важи за зона AB, регуларна цена 74 евра.
  • Kleingruppenkarte (Small Group Ticket), дневен билет за пет лица, неограничено патување во текот на целиот дел за групата од 3 наутро во текот на целиот ден, ваќи за зона AB, цена 15 евра.

Автобуските линии 109, TXL, X9 и 128 се врската на аеродромот Тегел со Берлин. Автобусите застануваат пре терминалот А. Билет може да се купи кај BVG бирото на аердромот или надвор на автоматите за билети или пак кај возачот на автобусот. Иначе за информација такси може да чини од 15 до 30 евра зависно од километражата која ќе ја поминете.

Значи превозот од аеродромот Тегел не чинеше 2,3 евра, со таканаречениот Einzelfahrschein (single tiket). Споредено со 100 денари превоз од Скопје до аеродромот Александар Велики е значително поскапо, но сепак се чуствуваат разлики во квалитетот. Пример фреквенцијата на врската Тегел-Берлин е ми се чини на секој половина час со капацитет од преку 100 патника во модерен автобус и до крајната дестинација стигнувате за 30-45 минути, а фреквенцијата Скопје-Александар Велики е два пати во 24 часа со капацитет од десетина патника во мал минбус при што имате чуство дека се патува цела вечност со оглед на тоа што минибусот не оди по најкратката релација туку од незнам кои причини возачот нема да вози по булеварот и автопатот туку по околните улички.

На аеродромот Тегел може да се најдат во практично бесконечен број проспекти за градот Берлин, за Германија и сл. додека на аеродромот Александар Велики не забележавме никаков материјал од овој вид. Сепак за пофалба е новата аеродромска зграда во Скопје, која барем е подобра од онаа на аеродромот Плесо во Загреб.

Разгледување на Берлин, први контакти со други веки(м/п)едијанци

На аеродромот Тегел го направивме и првиот контакт со колегата Даниел Браво (Daniel Bravo), викимедијанец од Чиле, со кого заедно патувавме од Тегел до хостелот БаксПакс кој се наоѓа во источниот дел на Берлин. Во хостелот веднаш после сместувањето се сретнавме со уште еден викимедијанец, колегата од Викимедија Вашингтон DC, Николас Мајкл Башур (Nicholas Michael Bashour).

После краткиот разговор во лобито на хостелот, одлучивме заедно да направиме прошетка низ Берлин, т.е. до Брандербуршката порта и назад, бидејќи имаше доволно време до 19.00 часот, т.е. почетокот на официјалната регистрација на Конференцијата.

Регистрација, дружење со останатите вики(м/п)едијанци

После исцрпувачката прошетка до Брандербуршката порта и назад стигнавме на време, 19.00 часот, за официјалната регистрација на Конференцијата. Веќе во лобито на хостелот беа пристигнати поголем број на учесници на Конференцијата. При регистрацијата добивме мал конференциски пакет, кој содржеше список на учесници на конференцијата, билет за јавен превоз, бележник, и сл.

Првите контакти во лобито ги направивме со колегите од Викимедија Србија, Миле Киш и Милош Ранчиќ, а подоцна остваривме контакти со поголем број од учесниците на Конференцијата од другите локални ограноци како и од Викимедија Фондацијата.

30 март

[уреди]
Појадок, превоз до конференциските простории

После појадокот, со огранизиран превоз, два автобуса, учесниците на конференцијата се превезоа до конференциската сала. На самиот почеток учесниците имаа можност да се запознаат меѓу себе. Ова е официјалениот список на учесници.

Прв ден на конференцијата

Оваа година програмски раководител на конференцијата беше Харел од Викимедија Израел, во соработка со Никол Ебер од Викимедија Германија и Дани од Викимедија Чешка. Секако од голема помош беа Ана Лена Шилер и Ања Кригер кои за цело време на конференцијата ги модерираа дискусиите. Конверзацијата на конференцијата се одвиваше на англиски јазик.

Традиционално конференцијата започнува со кратко претставување на секој локален огранок посебно. Оваа година беа предвидени 3 минути за поединиечно претставување на локалните ограноци. Претставувањето одеше по абецеден редослед на имињата на ограноците на англиски јазик. Поради големиот број на локални ограноци, претставувањето беше поделено во три групи, пропорционален број на локални ограноци за секој ден од конференцијата. Овој ден се претставија следниве локални ограноци: Аргентина, Австрија, Австралија, Бангладеш, Бразил, Канада, Швајцарија, Чиле, Чешка, Колумбија, Германија, Данска, Естонија и Шпанија.

После претставувањето на активностите на првата група локални ограноци, следеше извештајот на Христофер Хенер од Викимедија Франција од Финансиската конференција одржана во Париз во текот на месец февруари.

Следуваше излагањето на Себастијан Молески од Викимедија Германија, кој даде објаснување на идејата за формирање на Совет на Локални ограноци. Поголемиот дел од претставниците на конференцијата дадоа подршка на оваа идеја, при што беа предложени и нацрт верзии на повелбата за основање на советот.

После ова излагање, конференцијата течеше паралелно во четири сесии:

  • Chapter accountability and transparency to the council
  • Chapter representation
  • Chapter development through the council
  • Knowledge sharing among chapters

Следуваше пауза за ручек, за кое време учесниците на конференцијата продолжија со размена на идеи и искуства.

Конференцијата во попладневните часови исто така беше поделена на паралелни сесии, во зависност од заинтересираност секој учесник на конференцијата можеше да избере на која сесија ќе присуствува. Македонските претставници секога присуствуваа на различни сесии кои се одржуваа во исто време со цел да соберат што е можно поголемо искуство и знаење а подоцна кога ќе се вратат во Македонија да го споделат она што го научиле во Берлин.

Следниве сесии беа одржани во попладневните часови:

  • Chapters, real-world politics and lobbying
  • Chapter selected board seats

Забележливо беше стекнатото искуство од Финансиската конференција во Париз, за работа во мали групи на иста тема, т.е. на темата: Disspelling tensions between friends. Овој начин на работа дава можност секој од учесниците да го искаже својот став по одредената тема.

Паралелно со гореспомнатите сесии Бордот на доверители на Викимедија Фондацијата одржуваше паралелни затворени состаноци. На оваа конференција се почуствуваа тензии помеѓу локалните ограноци и фондацијата во смисла на начинот на прибирање на финансиски средства и нивна дисиминација. Формирањето на Совет на локални ограноци можеше да се свати како обид на локалните ограноци да ја зајакнат својата улога во однос на фондацијата во рамките на викимедија движењето. Од тие причини бројните учесници на конефренцијата од Викимедија Фондацијата, членови на бордот на доверители и вработени во фондацијата на различни позиции, внимателно ги следеа сите сесии но зад затворени врати бордот на доверители расправаше и донесе некои важни одлуки.

Дружење со останатите вики(м/п)едијанци

Некаде околу 18 часот завршени беа официјалните активности на конференцијата. Времето во вечерните часови беше искористено за разгледување на градот и дополнително дружење со присутните на конференцијата.

31 март

[уреди]
Појадок, превоз до конференциските простории

После појадокот, со огранизиран превоз, учесниците на конференцијата се превезоа до конференциската сала.

Втор ден на конференцијата

Вториот ден започна со претставување на втората група на локални ограноци. Денес се претставија следниве локални ограноци: Финска, Франција, Обединетото Кралство, Хонг Конг, Унгарија, Индонезија, Израел, Иднија, Италија, Кенија, Казахстан и Мексико. Претставувањето на Викимедија Македонија се одложи за утрешниот ден.

После претставувањето на втората група локални ограноци, следеше заедничка сесија со Одборот на доверители на Викимедија Фондацијата, која ја водеше господинот Тинг Чен.

Следуваше пауза за ручек, за кое време учесниците на конференцијата продолжија со размена на идеи и искуства.

После паузата за ручек, конференцијата течеше паралелно во три сесии:

  • Growing a big supporter and activist base, communicating to donors, која ја водеше Томер Ашур и=од Викимедија Израел.
  • Hiring and office running, која ја водеше Павел Рихтер од Викимедија Германија
  • Press relations, која ја водеа Ицик Едри и Кетрин Шоневил.

После мала пауза, конференцијата повторно продолжи паралелно во четири сесии:

  • Minding our demographic gaps: Reaching out to underrepresented groups such as minority populations, the elderly and women lead
  • Dormant chapters: What to do we do when the group of active people in a chapter disappears lead
  • Strategic plans and why they matter: Case studies from chapters
  • Chapters in 2022: What will chapters be doing ten years from now and how not to run out of steam
  • Organizational Growth & Development Network: A pilot project and its result, the way forward
  • Wiki Loves Monuments
  • Paid staff share their experiences various staff.

Паралелно со гореспомнатите сесии Бордот на доверители на Викимедија Фондацијата и во текот на денешниот ден одржуваше паралелно затворени состаноци.

Дружење со останатите вики(м/п)едијанци

После завршетокот на официјалниот дел од конференцијата, некаде околу 18 часот дел од учесниците ја искористија можноста организирано да разгледаат одредени културно историски знаменитости на Берлин.

После разгледот на културно историските знаменитости на Берлин, дружењето продолжи во хостелот до доцните вечерни часови, каде пријателствата и дружењето се продлабочуваа.

1 април

[уреди]
Трет ден на конференцијата

Третиот ден започна со претставување на третата група на локални ограноци. Денес се претставија следниве локални ограноци: Холандија, Норвешка, Македонија, Викимедија Њујорк, Филипини, Поска, Португалија, Русија, Србија, Тајван, Украина, Венецуела и Јужна Африка.

После претставувањето на третата група локални ограноци, следеа т.н. BarCamp сесии, кои се одржуваа паралелно во четири различни простории:

Следуваше пауза за ручек, за кое време учесниците на конференцијата продолжија со размена на идеи и искуства.

После паузата за ручек, повторно се продолжи со паралелните BarCamp сесии.

Организирано разгледување на Берлин

После завршетокот на официјалниот дел од конференцијата, некаде околу 16 часот дел од учесниците ја искористија можноста организирано да разгледаат одредени културно историски знаменитости на Берлин. После исцрпувачкиот разглед на Берлин, групата се собра на мала пауза на по едно вики пиво во позната пивница во Берлин.

Дружење со останатите вики(м/п)едијанци

После разгледот на културно историските знаменитости на Берлин, дружењето продолжи во хостелот до доцните вечерни часови, каде пријателствата и дружењето се продлабочуваа до доцните вечерни часови.

Се разбира и подготовки за враќање во Македонија, утре рано на сабајле.

2 април

[уреди]
Хостел Бакспакс, Берлин - Тегел, Берлин
Тегел, Берлин - Виена, Австрија

Лет OU 274 со Austrian Airlines, Полетување од Берлин во 7.20 часот, пристигнување во Виена во 8.40 часот. Времетраење на летот 1 час и 20 минути. Авион Airbus Industrie A321.

Виена, Австрија - Плесо, Загреб

Лет OU 441 со Croatia Airlines, Полетување од Виена во 10.10 часот, пристигнување во Загреб во 11.05 часот. Времетраење на летот55 минути. Авион De Havilland DHC-8 400 Series.

Плесо, Загреб - Александар Велики, Скопје

Лет OU 368 со Croatian Airlines, Полетување од Загреб во 14.05 часот, пристигнување во Скопје во 15.20 часот. Времетраење на летот 1 час и 15 минути. Авион Airbus Industrie A319.

Александар Велики, Скопје - Транспортен центар Скопје

Поврзано

[уреди]

Референци

[уреди]