2012.10.15 Викимедија Украина во посета на Македонија

Од Викимедија Македонија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Виктор Семенјук и Евгениј Букет од Викимедија Украина во посета на Македонија, 15. октомври 2012.
Заеднички состанок на Викимедија Украина и Викимедија Македонија во Скопје, 15. октромври 2012 година. Од лево на десно: Евгениј Букет, Виктор Семенјук, Кирил Симеоновски и Димче Грозданоски.

2012.10.15. На 15. октомври 2012 (понеделник), Евгениј Букет и Виктор Семенјук, двајца претставници од Викимедија Украина допатуваа од Белград во Скопје, после нивното учество на првата конференција на Викимедијанци од Централна и Источна Европа, реализирајќи ја нивната намера за посета на Македонија.

Евген и Виктор, допатуваа од Белград со меѓународниот воз Белград - Скопје, заедно со Тони Ристовски - претставник на заедницата на уредувачи на Википедија на македонски јазик на конференцијата на Викимедијанци од Централна и Источна Европа.

За време на нивниот краток еднодневен престој во Скопје, претставниците на Викимедија Украина имаа прилика да го разгледаат централниот дел на Скопје, Скопската чаршија и Милениумскот крст.

Непосредно пред нивното заминување од Македонија, на пат за Украина преку Бугарија, Романија и Молдавија, Евгениј и Виктор остварија средба со претставниците од Викимедија Македонија, Димче Грозданоски и Кирил Симеоновски. На средбата беше разговарано за актуелните состојби во двата локални Викимедија ограноци и за можните форми на меѓусебна соработка во иднина.

На средбата беше изложена и идеја за еден заеднички проект на двата локални викимедија ограноци.

Идејата во кратки црти се состои во организирање на два тима составени од активни викимедијанци кои би работеле на теми од заеднички интерес кои би се дефинирале на почетокот од нивното создавање. Едниот тим ќе биде составен од викимедијанци од Македонија а другиот тим од викимедијанци од Украина. Целта на овие два тима ќе биде да создадат нови или да ги подобрат веќе постоечките статии на матичните јазични изданија на википедија, но и да работат на матичната википедија на другиот тим како и на другите јазични изданија на википедија, пред се на изданијата на позначајните светски јазици, во зависност од нивните познавања на странски јазици. Тимовите ќе бидат составени од членови на локалната вики заедница заинтересирани за продлабочувања на нивните знаења за украинскиот односно македонскиот јазик, култура, народ, општество, политики, наука, географија, историја и сл.

Заедничкиот проект би започнал со создавањето на вики тимовите најбрзо што може. Животниот век на проектот може да се подели на неколку периоди:

  • создавање на тимовите и размена на контакт информации
  • дефиниција на опсегот на проектот, т.е. креирање листа на теми од заеднички интерес
  • работа на статиите на различни википедии, локално во нивните земји
  • период на неколкудневна посета на едниот вики тим и престој во другата земја
  • период на возвратна неколкудневна посета на другиот тим и престој во првата земја
  • сумирање на проектните резултати.

Секој вики тим ќе го организира своето патување во гостинската земја и своето враќање дома.

Вики тимот домаќин ќе го организира престојот на гостинскиот вики тим, т.е. ќе го организира неговиот престој, локален транспорт, кетеринг услуги, интернет врски и сл. За време на престојот во другата земја, гостинскиот вики тим заедно со домаќините ќе посети повеќе места, музеи, библиотеки, национални паркови, споменици, универзитети и слични локации. Сите овие локации треба да се наоѓаат на нивната листа на теми од интерес.

Викимедија Македонија и Викимедија Украина ќе дадат целосна подршка на вики тимовите, ќе направат медиумско покривање преку соопштенија за печат и пласирање на други инфромации од јавен интерес.

Викимедија Македонија и Викимедија Украина заеднички ќе аплицираат за добивање на грант од Викимедија Фондацијата. Грантот би треблоа да ги покрие трошоците за патување на вики тимовите, трошоците за изработка на реквизити за промоција на проектот, трошоци за локален траспорт, храна, сместување и сл.

Овој заеднички проект има повеќе цели:

  • on-line и off-line соработка на викимедијанците
  • зајакнување на меѓусебната соработка на двата локални викимедија ограноци
  • подобрување на меѓународното искуство
  • промоција на викимедиините проекти

архива на вести ...